26 Април, 2024
0.0282

БИТКА ЗА ПРЕВЛАСТ: Мафијашка пресметка за синдикално лидерство?!

Објавено во: Економија 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Наместо разрешница и избор на нов претседател, состојбата во Сојузот на синдикатите на Македонија кулминираше со тепање на синдикалците кои бараат почитување на одлуката за избор на нов претседател и разрешување досегашниот претседател на ССМ, Живко Митревски. 

Претставниците на синдикатите кои преноќуваа во зградата сведочат дека вчера околу пет часот наутро, се случувало вистинска драма. Група од  40 луѓе најмени од  Митревски, насила влегле во холот на зградата и со туркање и тупанци, ги исфрлиле членовите на синдикатите кои преноќуваа во зградата, барајќи  Централниот регистар да ја изврши промената на имињата на претседателите. Меѓу повредните е и в.д претседателот на ССМ Дарко Димовски, кои бил префлен во Градската болница. Повредните подготвуваат приватна тужба за Митревски. Димовски вели дека се чувствува добро и оти нема да отстапат од разрешувањето на Митревски бидејќи сите аргументи се на нивна страна.

 „Бранејќи се од Живко Митревски да не не исфрли, го завземавме холот и  ги кажавме нашите барања, дека дојдовме поради нелегалната одлука на Митресвки кој сака да не исели и веќе изнајмил  и камиони за селидба, магацински простор за нашиот инвентар. Додека седемве наеднаш влета една група од 40 луѓе меѓу кои имаше и маскирани со фантомки, со капи и почнаа со сила да ја кршат предната врата. Имаше двајца полициајци и голема благодарност до нив што ја држеа вратата. Но има и уште една споредна врата, и тие со хебли и со цефки ја откорнаа, влегоа наеднаш и како што влегоа почнаа да ги буткаат луѓето и да ги тепаат

.Не можевме да им се спротиставимe. И нас и полицијата од главниот излез не избуткаа надвор.

Додека дојде засилување тие уште беа внатре, ја запоседнаа зградата, ја наместија и вратата, и кога дојде засилувањето тогаш почнаа да соработуваат со полицијата правејќи се дека се некоја приватна агенција,  дека не се рекетари, а на нив немаше никакви значки или обележја. Јас сум сега добро, мене удрија од позади во моментот кога се обидував да му помогнам на еден колега.Ние ќе одиме до крај, Митревски да биде разрешан, сите аргументи се на наша страна.Соработуваме и со јавниот обвинител, дури и предметот од Министерство за труд и социјална политика е однесен во обвинителството се со цел да докажеме дека не сме направиле фалсификат“, вели за Фактор, Дарко Димовски, в.д претседател на ССМ. 

Митревски ја освои зградата, обезбедувањето е таму и ги држи заклучени вратите. Претставниците на синдикатите кои беа исфрлени велат дека во понеделник повторно ќе дојдат во зградата на ССМ. 

„Во понеделник сите синдикати ќе му кажеме на Митревски да си оди. Министерството за труд и социјална политика не одредува кој ќе биде претседател на ССМ, тоа го одредува Советот на синдикатите. Советот го смени Митревски и го назначи Дарко Димовси.Согласно Законот за работни односи ние пуштаме записник и они се должни да го регистрираат односно да издадат решение и ако се работи за ново лице да го известат Централниот регистар да го запише..Кога ќе се запише новиот претседател во случајов Димовски, си има правна поука, незадоволната странка може во рок од 30 дена да поведе судска постапка пред Управниот суд. Значи министерството ќе си издаде решение, тое не е истражен орган, Централниот регистар штом го добие го заверува. Не може еден министер на друг министер да поништува решение. И јас мислам дека ова е битка да се намести Фросина Ременски дека наводно е подметнат некаков запсиник , дека е направено некакво кривично дело и тоа не е упатено толку кон нас колку кон неа. Кон нас е упатено да оневозможат Димовски да раководи, да им седи нивниот пулен. А Митревски само се расфрла со кривични пријави, но ние преку нашиот адвокат ќе поднесеме и приватна тужба и кривична за Митревски“, вели за фактор Пеце Грујовски, претседател на УПОЗ.

Митревски излезе со писмено соопштение, во кое обвини дека претставниците на четирите синдикати во алкохолизирана состојба дивееле во зградата.

„Во обидот да се спречи дивеењето и алкохолизираната состојба и разрушениот инвентар, службите на ССМ најпрофесионално во присуство на полиција ги отстранија сите пречки за нормално функционирање на зградата на ССМ и на институциите кои делуваат во неа“, стои во соопштението од  ССМ.

Од четирите синдикатите кои преноќуваа во зградата ваквите обвинувања ги отфрлија како лаги и невистини. 

„Митревски постојано споменува лаги, дека ние сме сакале да го сокриеме фалсификатот, дека сме биле во алкохолизирана состојба таа вечер,а луѓето мирно седеа и пиеја сокови, но од неговото соопштение може да се види до каде оди неговиот ум.  Ама никој не кажа и не го праша дали он влезе со рекетари?  Ние како УПОЗ бараме оставка од него, а тој не одговара дали ќе поднесе оставка. Митревски по разрешувањето се уште во работен однос, но тој е исклучен од членство во синдикатот,  тој член на УПОЗ . Министерството не посветува внимане на тоа, дека Митревски не е член на синдикатот, тој е исклучен“, вели Грујовски. 

За МТСП Митревски е легитимен претседател

Состојбата кулминираше откако Министерството за труд и социјална политика излезе со соопштение дека го поништува решението со кое претседателот Живко Митревски е разрешен од должноста претседател, а за нов претседател избран Дарко Димовски. Од увидот во доставената документација, се утврдило дека 12 синдикални организации потврдиле оти до нив не била доставена иницијатива за промена на раководството на ССМ. 

„Ниту еден од нивните членови не присуствувал на седницата на советот на ССМ одржана на 13.11.2016 година што е спротивно на статутот и деловникот за работа на ССМ. Исто така, во своите известувања членовите на овие синдикални организации изразуваат безрезервна поддршка на легитимно избраното рaководство и на претседателот на ССМ. Според ова, евидентно е дека е донесено нелегитимно решение за промена на претседателот во нелегална процедура“, стои во во соопштението од МТСП.

Но синдикалците кои бараат институциите да постапат согласно законите и статутот на ССМ, тврдат дека Митревски не е легитимен претседател, бидејќи и на Министерството му подметнува невалидни податоци и не смее да остане на таа функција. Од четирите синдикатите посочуваат дека Централниот регистар, Јавното обвинителство и Управниот суд довеле до ескалација на насилството и потврда дека во  Македонија институциите ги заменуваат мафијашко – криминални групации.

„Со тоа дефинитивно е ставен печат дека ССМ и имотот е во приватна сопственост на Живко Митревски. Затоа тој целиот изминат период не бираше и натаму нема да бира средства како да го оствари тоа и покажа дека неговите главни интереси се моќ, пари и власт. Во таа насока тој никогаш нема да прекине да биде послушник на власта и со тоа никогаш ниту бил ниту ќе биде претставник на работниците.Членството и до сега знаеше за чии интереси работи Митревски, а сега и на севкупната јавност и стана јасно како функционира тимот мафија – власт - Митревски. Меморандумот за соработка што Митревски го потпиша со ВМРО ДПМНЕ му ја гарантираше ваквата разрешница против оние кои ниту мислат, ниту прават како него“, стои во соопштението од четирите синдикати.

Тие велат дека со ваквото соопштение МТСП, односно власта и рекетарите му овозможиле на Живко Митревски несметано да ја резлизира својата болна идеја, да се ослободи од синдикатите кои му даваат отпор.

12-те  синдикални организации кои го поддржуваат Митревски, според претставниците на четирите синдикати кои не го поддржуваат Митревски, се со најмалобројно членство.Гранковите синдикати кои бараат разрешување на Митревски, претставуваат речиси половина од членството на ССМ, и тука се Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Синдикатот на работниците од индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), на работниците во угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните работилници (СУТКОЗ) и на работниците од агроиндустрискиот комплекс (АГРО-синдикат). Дента кога се гласало, од овие четири синдикати велат дека најголем дел од преставниците на синдикалните организации гласале за разрешување на Митревски.

„Не гласаат синдикатите туку преставници на синдикатите. Имаме 17 гранкови синдикати.Овие синдикати односно ние што сме иницијатори сме најголеми и сме професионалци.Не се битни претседателите на синдикатите, ние не гласаме, гласаат членовите на Советот, значи  преставниците на синдикатите. На седницата кога е променет Митревски учествуваа претставници односно членови на Совет од 11 синдикати. Претседателите не даваат поддршка, туку тоа го прават членовите на Советот. Митревски постојано манипулира со начинот на кој се бира и се гласа нов претседател. Членови од 11 синдикати беа присутни кога се гласаше, и  повеќе половина  гласаа за разрешување на Митревски“, вели Грујовски.

Четрите синдикати кои бараат да се испочитува одлуката на Советот за разрешување на Митревски,  ги повикуваат членовите на синдикатите, работниците и граѓаните кои се подготвени да им дадат поддршка, во понеделник да дојдат пред зградата на ССМ и да му кажат збогум на Митревски и дека власта нема да може уште долго да го држи на апарати и вештачки да го одржува во живот.

Инаку Живко Митревски на чело на ССМ дојде во 2008 година. И тогаш неговиот избор беше откако ССМ донесе одлука за разрешување на тогашниот претседател Ванчо Муратовски, односно Митревски дошол на претседателската позиција на ист начин како сега Димовски. 

Т.С


Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија