Битка за тројцата пратеници од дијаспората: Ќе биде ли Груевски конечно победен?
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2016
Битката за трите пратенички мандати во дијаспората ќе се води меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и коалицијата ВМРО за Македонија. Само овие четири партии и коалиции имаат свои кандидати за пратеници за изборите на 11 декември. Досега сите три пратенички места, на изборите во 2011 и во 2014 година, ги освојуваше партијата на Никола Груевски.
На претстојните парламентарни избори за гласање во Дипломатско - конзуларните претставништва се регистрирани 230.122 гласачи. Но, голем дел од нив не поднеле пријава за гласање во законски предвидениот рок, па така само 20.573 гласачи кои живеат и работат во странство имаат право да гласаат за пратеник од седмата изборна единица.
ИЗБОРИ 2016
Од коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ кандидати се:
Рамазан Мифтароски
Зоран Стојановски
Славица Галевска – Милчиноска
ДУИ на Али Ахмети за свои фаворити ги избра:
Џевдет Спахиу
Ндерим Ибраими
Нертиља Мифтари
Изборот на СДСМ падна на:
Блажо Стојанов
Зоран Ивановски
Снежана Димитровска
Коалицијата ВМРО за Македонија настапува со:
Стојадин Наумовски
Давор Тодоровски
Митко Јаневски
ИЗБОРИ 2011
ИЕ 7 ги опфаќа македонските државјани кои живеат или се на привремен престој во државите од Европа и Африка. На парламентарните избори во 2011 година таму беа регистрирани 4.591 гласач кои имаат можност да гласаат на 28 избирачки места во ДКП или во конзуларните канцеларии на Република Македонија. Гласањето во оваа ИЕ се одвиваше во градовите Виена, Берлин, Хаг, Берн , Брисел, Бон, Букурешт, Анкара, Сараево, Минхен, Москва, Истанбул , Софија, Атина, Белград, Лондон, Загреб, Будимпешта, Љубљана, Подгорица, Копенхаген, Рим, Мадрид, Прага, Париз, Венеција, Стокхолм и Приштина. Едниот мандат од оваа ИЕ го освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а на изборите гласале вкупно 2 494 гласачи.
ИЕ 8 ги опфаќа македонските државјани од Северна и Јужна Америка. Во 2011 беа регистрирани 1 824 гласачи, кои можеа да гласаат на 24 избирачки места. Се гласаше во Торонто, Детроит, Чикаго, Њујорк и Вашингтон. На изборите излегоа вкупно 994 гласачи, а пратеник од таму доби ВМРО-ДПМНЕ.
ИЕ 9 се протега во Австралија и државите од Азија. Во 2011 гласале 798 лица во Канбера, Мелбурн и Пекинг. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ беше избран со само 600 гласачи.
ИЗБОРИ 2014
Регистрирани 23.782 во трите изборни единици во дијаспората, а гласале 11.441 лице. Сите три мандати ги освои ВМРО-ДПМНЕ
Северна и Јужна Америка гласале 1.845
ВМРО-ДПМНЕ освои 1.170
СДСМ 90
ДУИ 475
ДПА 5
Австралија и Азија гласале 982
ВМРО-ДПМНЕ доби 881
СДСМ 46
ДУИ 4
Европа и Африка гласале 8614
ВМРО-ДПМНЕ освои 4512
ДУИ 2822
СДСМ 521
НДП 428
ДПА 104
Ј.М.