19 Декември, 2025
0.0492

Бизнис бомбона! Колку пари не горат за струјата произведена од сонце?

Објавено во: Економија 16 Јануари, 2018 06:55

Добивај вести на Viber

Плаќаме 99 евра просечно за секој мегаватчас зелена енергија односно струја произведена од ветер, вода или сонце од производители со повластени цени. Најскапа е струјата произведена од сонце. За неа плаќаме просечно по 201 евро за мегаватчас! Само за споредба регулираната цена за произведен мегаватчас електрична енергија на ЕЛЕМ што му ја одобрува РКЕ е помала од 45 евра.

Македонците платиле 35,5 милиони евра за 358.368 мегаватчасови електрична енергија од обновливи извори која ја произвеле повластени производители во 2016 година, покажуваат официјалните податоци на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Вкупно 170 производители, од кои огромно мнозинство се приватни фирми, со повластени цени за производство на струја поделиле меѓусебе 35,5 милиони евра за струјата што ја испорачале во системот. Во 2016 година сите македонски големи произвдствени капацитети заедно произвеле околу 5.000 гигават часови електрична енергија, а производството на обновливите е околу 7 отсто од целото домашно производство.

Ветер, сонце, вода или био гас од што најдобро се заработува?

Најголемо учество во приходите од зелена енергија има државата компанија ЕЛЕМ која има еден ветерен парк за производство на електрична енергија близу до Богданци. Во 2016 година ЕЛЕМ произвел 109.482,5 мегаватчасови за кои наплатил 600 милиони денари односно 9,7 милиони евра. Тоа значи декамегаватчас струја произведен од ветер чини 88 евра.  

За мегаватчас струја од вода ја плаќаме просечно 77 евра

Привилегирани цени имаат 64 мали хидроцетрали и тие произвеле 189.153 мегаватчасови струја за што наплатиле 899,88 милиони денари односно 14,56 милиони евра. Просечната цена за повластената хидроенергија е 77 евра за предаден мегаватчас.

За мегаватчас струја од сонце ја плаќаме просечно по 201 евро

Бројот на повластени производители на струја од сонце е најголем. Во 2016 година ги имало 102 производители. Тие предале најмалку енергија од сите други производители – вкупно 23.699 мегаватчасови за што наплатиле вкупно 294,83 милиони денари односно 4,77 милиони евра. Просечната повластена цена за мегаватчас зелена струја произведена од сонце е 201,3 евра. 

За мегаватчас струја од биогас (читај шталско ѓубре) плаќаме 179 евра

Најнова технологија за производство на струја од обновливи извори кај на е биогасот кој најчесто се произведува од ѓубре односно отпад или измет. Во земјава има три такви централи и тие во 2016 година испорачале 36.033 мегаватчасови зелена струја. За тоа наплатиле 399,44 милиони денари односно 6,46 милиони евра. Просечната цена по произведен мегаватчас е 179 евра. 

Табелата со официјални податоци може да ја видите на страница 98 од следниот линк.

Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?