Блокатори за мобилни во Шутка по заканите од Игор Југ до Груевски?
Објавено во: Македонија 25 Септември, 2017
Извори од истражниот затвор брифираат за ТВ 24 дека во Шутка се поставуваат блокатори за мобилни телефони.
Според пишувањата на овој медиум до оваа одлука дошло откако од Фејсбук профилот на Игор Југ беа упатени закани до Никола Груевски.
Во текот на вчерашниот претрес пак, надлежните не пронашле ништо во ќелијата на Игор Југ, а мобилни телефони се најдени кај други притвореници.
По ова управата решила да ги зајакне мерките на безбедност и да постави блокатори на повеќе места, со цел да ја спречи комуникацијата на притворениците преку електронски уреди, која што е спротивно од правилникот, брифираат нивните извори.
Директорот на затворот Александар Наумовски денеска не беше достапен за одговор а МВР истражува дали заканите кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ биле испратени од Шутка или од некое друго место во име на Игор Југ.