БОГАТИТЕ СЕ ДОЗБОГАТИЈА: Џеф Безос и Илон Маск на врвот во ера на пандемијата
Објавено во: Економија, Свет 24 Април, 2020
Богатството на американските
милијардери, меѓу кои, основачот на Амазон, Џеф Безос и директорот на Тесла, Илон
Маск, во ерата на пандемијата им се зголеми за 10 отсто, наведува најновиот
извештај на Институтот за политички науки во Вашингтон. Имено, од 1. јануари до
10. април, богатството на 34 најбогати луѓе во САД порасна за десетици милиони
долари, а како што наведува извештајот, проценката на богатството е направена
во време кога во САД се пријавија повеќе од 26 милиони како луѓе кои останаа
без работа.
И додека економијата глобално се соочува со рецесија, технологијата и платформите, како што е Зум, доживуваат бум, поради користење на видео-разговори, прес-конференции на далечина, состаноци и друго, па во време на изолација, ова им донесе брза и огромна заработка на сопствениците на ваквите компании, пишува Ројтерс., а пренесува Financial Review.
Според вашингтонскиот Институт за политички науки, богатството на осум од тие милијардери, меѓу кои Безос, Маск и основачот на Зум, Ерик Јуан се зголеми за милијарда долари.
-Ова е приказна за две пандемии со крајно различни жртви, пишува Чак Колинс, коавтор на извештајот.