Богдановиќ: Грижата за возрасните лица е еден од моите врвни приоритети
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2017
„Немојте да не заборавите“,ова повозрасните лица од општина Центар го барале од кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.
Бидејќи има стари лица за кои никој не се грижи, на некои им треба нега но и убав збор, Богдановиќ на денешната средба со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“, посочи дека грижата за повозрасните сограѓани е еден од неговите врвни приоритети.
„ Во општина Центар 20 проценти од населението се повозрасни лица. Грижата за нив е еден од моите врвни приоритети. Затоа ја продолжувам, но и проширувам грижата за овие наши сограѓани. Во моментов стотина лица на возраст над 65 години добиваат нега во домашни услови, субвенционирана од општина. Во иднина сите лица кои ги сполнуваат условите ќе добиваат ваква нега и помош. Сакам да објавам дека ќе воведам и дежурни телефони за итни потреби на возрасните лица и нивните семејства. Уште еднаш сакам да ја истакнам мојата заложба и заложбата на мојот тим и на општината за секојдневна и целосна грижа за нашите повозрасни“, изјави Богдановиќ.