Богдановиќ: Ќе ја продолжиме соработката со Асоцијацијата на архитекти на Македонија
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2017
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ денеска се сретна со претставници на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
„Денес се сретнавме со Мартин Пановски и Ана Радониќ од Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Целите, одредбите и делокругот на работата на ААМ се подредени на поширокиот интерес за развој, унапредување и афирмација на архитектонската професија, како на територијата на Република Македонија, така и во меѓународни рамки. Меморандумот за соработката меѓу Општина Центар и ААМ е потпишан пред три години, а ние планираме да ја продолжиме таа соработка со нив, со цел да се поттикне современата архитектура и нејзиното вреднување“ - вели Богдановиќ.
Додава дека треба да се зачува угледот на архитектите, но и да се делува за заштита на животната средина.