Богдановиќ: Општина Центар ќе биде препознатлива по традиционалните настани
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2017
„Време е за зимница“ настан кој во иднина ќе биде традиција-ветува кандидатот од СДСМ за градоначалник на општина Центар Саша Богдановиќ кој денеска искажа поддршка на домашните производители.
Богдановиќ рече дека во иднина ќе има уште вакви настани, на кои сите производители ќе бидат добредојдени да ги презентираат своите производи.
„Не само што ќе ги задржиме ваквите настани како традиција туку и ќе го зголемиме нивниот број за да бидат препознатливи во Општина Центар. Ќе продолжиме да ги организираме не само овде, на улицата Македонија, туку и низ целата општина“, рече Богдановиќ.
Настанот се организира од Македонската асоцијација на преработувачи, каде општина Центар е покровител, односно поддржувач.