26 Декември, 2024
0.0505

Богдановиќ вети модерен, чист и солидарен Центар

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Центар е наш заеднички дом и сите заедно ќе го претвориме во поубаво место за живеење. Ова не го кажувам на памет. Зад овие зборови стои амбициозна програма со низа проекти кои ќе ги решат најголемите проблеми во нашата општина“ – им порача вечерва кандидатот за градоначалник на Општина Центар од СДСМ, Саша Богдановиќ на бројните жители, симпатизери и поддржувачи кои се собраа на платото пред Универзалната сала.

Запирање на урбанистичкото дивеење, почист воздух, решавање на сообраќајниот метеж, изградба и обнова на инфраструктурата се клучните области на кои ќе се посветиме јас и мојот тим, рече Богдановиќ. Најави дел од својата програма, со која Центар ќе се преобрази во модерна, солидарна, чиста, инклузивна и пред се отворена општина.
- Јас мислам дека сите што сме собрани тука вечерва го сакаме Центар со цело срце и цела душа. Ние заедно тргнуваме, а планот ни е да стасаме далеку, онаму каде Центар е модерна, чиста, одржлива и зелена општина. Имаме многу работа. Ние ги знаеме проблемите што ги мачат граѓаните како урбанизмот, сообраќајот, образованието, екологијата и безбедноста. Но, ги знаеме и решенијата. Ќе делуваме со старите ефикасни методи, но и со иновативни решенија кои ќе ја направат Центар пример за локална самоуправа не само во Македонија туку во целиот регион.

Богдановиќ пред граѓаните порача дека освен членовите на Советот, сите ќе бидат негови соработници, а одлуките ќе ги носи транспарентно, со темелна анализа и стручен пристап.

- Прва точка во нашата програма е запирање на неконтролираните градежни активности. Долго време Центар е жртва на урбанистичкото дивеење и време е да се стави крај на тоа. Јавно ќе ги објавиме сите детални урбанистички планови што се донесени или што се во процес на изработка. Ќе направиме проверка на сите издадени одобренија за градење. До крајот на 2017 ќе воведеме мораториум за градење се` додека не се изготват нови планови, според сите стандарди. Инспекциските служби ќе постапуваат ефикасно и неселективно. Ќе забраниме градежни активности во месеците во кои има високо ниво на загаденост на воздухот - порача тој.

Најави борба против аерозагадувањето со поставување кула за прочистување на воздухот. Станува збор за едно од најиновативните решенија за оваа намена во светот кое може да придонесе за почист воздух и до 75 проценти.

Вети и ново осветление, како и изградба на водовод и канализација на улиците каде се уште нема, нови канти за отпадоци, инфраструктура за селектирање на отпадот, како и комунални патроли низ населбите.

- Ве повикувам да ја проучите мојата програма во која ќе ја најдете гаранцијата за сето ова што го зборувам. Ја имам потребната енергија за тоа, потребната младост, но и искуството во управувањето и носењето одлуки. Го имам најважното, љубовта кон Центар - им порача кандидатот за градоначалник на бројните симпатизери. 

Можеби ќе ве интересира

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија

СЛУЧАИТЕ РАСТАТ, НО АКТИВНОСТА ОСТАНУВА НИСКА: Состојба со грипот во Македонија