Богоевски објави слика од Чавков со лисици на рацете
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
Пратеникот Павле Богевски, еден од нападнатите за време на крвавиот упад во Собранието на 27 април, на социјалните мрежи објави фотографија од Митко Чавков, кој е на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје 1.
Утрово, екс началникот на БЈБ беше уапсен, како еден од главните осомничени за крвавите настани кога група на демонстранти меѓу кои и маскирани напаѓачи влегоа во Собранието речиси непречени од страна на полицијата која дозволи пробив во законодавниот дом кој е свето место за македонската демократија.
Потоа вратите на Собранието беа отворени одвнатре со отстранување на безбедносните механизми, додека пак собраниското обезбедување и дополнителните полициски екипи речиси и да не интервенираа бидејќи немале таква наредба да постапуваат.
Претходно беа спроведени внатрешни истраги во МВР и на одговорност се повикани стотина полициски старешини и службеници кои биле под команда на Чавков кој за време на протестите пред Собранието и подоцнежниот напад беше шеф на оперативниот штаб на МВР.