„Бомбите“ не можат да бидат доказ во три од случаите на СЈО
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2017
„Бомбите“ не можат да бидат доказ во случаите на СЈО „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.
Вака одлучил советот при Кривичниот суд во Скопје, кој ги оценува обвиненијата на Специјалното обвинителство поднесени на крајот на јуни. И за трите случаи образложението за одлуката на судот е слично:
„Се издвојуваат од списите на предметот доказите од листата на обвинението… како доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Р.Македонија“ – соопштија од Основен суд Скопје 1
СЈО веќе најави жалби на ваквите решенија. Ова е петти пат Кривичен да ги одбие прислушуваните разговори како доказ.Истовремено, Кривичниот совет го одби како неосновано барањето на обвинетиот Никола Груевски за враќање на пасошот, појаснувајќи дека против ова решение странките имаат право на жалба во рок од три дена пред Апелацискиот суд.