29 Март, 2024
0.0275

БРАНКО МАНОЈЛОВСКИ ПРАТЕНИК НА ДУИ ЗА ФАКТОР24: Не постои опасност од распад на Македонија поради двојазичноста!

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Најстариот пратеник во новиот парламентарен состав не успеа да стане дел од историјата со преседавањето на отворањето на првата собраниска седница. Но, бизнисменот од САД секако ќе биде дел од новите процеси забележани по последните избори – Албанци на листите на СДСМ,  словенизираниот албанец-македонец  стана пратеник на ДУИ.

Бранко Манојловски роден 1941 година, воопшто и не живее во Македонија. Од 1969 година се иселил во САД, оформирил семејство и работи во Чикаго. Тој е од Горна Река, од село Киченица, по потекло е православен Албанец. Инаку словенизиран и растен како Македонец.  Манојловски е близок роднина на Бранислав Синадиновски. Овој пак ,поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ од неодамна се декларира како православен Албанец  и стана советник на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Една од главните причини поради која решив да се вратам во Макеоднија е губењето на идентитетот на правславните албанци.  Некои луѓе ме нарекуваат предавник само заради тоа што сум се декларирал како Албанец.  Не гледам што има толку лошо во тоа некој да сака да ги побара корените од каде потекнува, “  изјави Манојловски за ТВ магазинот што заедно го продуцираат порталот Фактор и ТВ 24 вести.

Во партиската историја на македонскиот парламентаризам познато е дека еден од основачите и кусо време потпредседател  на ПДП, првата партија на Албанците беше и познатиот тетовски адвокат Апостолски. Со формирањето на ДУИ нејзиниот лидер Али Ахмети се залагаше централното седиштето на партијата да биде во Скопје, а во одделни градови од источна Македонија направи обид да се формираат и партиски организации на интегративците. По декемвриските парламентрани избори двајца Албанци станаа дел од листите на социјалдемократите, а ДУИ, како свој пратеник, го промовраше Бранко Манојловски.

„Не гледам ништо страшно ако албанскиот  стане официјален јазик на целата територија на Македонија но, тука со предрасуди се гледа на културните и јазични разноликости. Во Македонија со национализмот изгубена е логиката.

Во среда ќе го следите интервјуто со бизнисменот Манојловски за телевизискиот магазин Фактор 24. Тој одговара и како стана пратеник од редовите на  ДУИ?

„Претпостуавувам дека одлуката на лидерот на ДУИ Ахмети да ме стави на изборната листа произлегла откако разбрал дека во Македонија има и православни Албанци бидејќи за многумина  долго време тоа беше непозната тема.

Жителите во Горна Река и моето село зборуваат албански јазик. Еден од нив сум и јас. Има неколку илјади православни албанци кои се словенизирани или македонизирани. Јас до 9 години зборував албански јазик, потоа учев во македонско училиште, посетував  македонски цркви. Најголем дел од пријателите ми беа  Македонци  и полека почнав да се чувствувам како Македонец.  

-Дали Ви е криво што како највозрасен пратеник во новиот парламентарен состав  не Ви се укажа можноста да претседавате со констутинвата седница на Собранието?

Албанскиот јазик го имам научено од мајка ми  и  не го владеам баш најдобро и веројатно ќе имав  потешкотии  граматички точно да се изразам. Но криво ми е што не претседавав  со првата седница на Собранието бидејќи дека тоа го заслужувам како највозрасен пратеник. Криво ми е што и воопшто не ме консултираа и  бев малку изненаден  од таквиот однос.  Навистина  ќе беше добро православен албанец  да ја отвори конститутивната седница  на Законодавниот дом.

-Како гледате на албанската платформа во која се бара официјализирање на албанскиот јазик?

Треба да престанат тие поделби на Македонци и Албанци - едните  едно да бараат, другите да инсистираат на други националини, а не граѓански права.

Не треба да постои страв од федерализација на земјата . Ако Македонија е демократско оштество и доколку одреден  број  граѓани инсистираат на свои етнички права, нешто  треба да добијат, ќе треба да  се прифатат барањата и не е важно кој бара. Не треба да се прави баук од тоа што во иднина албанскиот треба да стане втор официјален јазик во Македонија. Кај нас се уште постојат тие поделби по етничка линија, но на таквата реторика и сфаќања треба да се стави крај.

Што  има врска дали е некој Македонец или Албанец. Кога бев  на пазар во Гостивар забалежав  Турчин со фес , потоа дојде Албанец со кече, сретнав  Македонец со качкет. Сите тие луѓе  дишат ист воздух, пијат иста вода,  купуваат на ист пазар. Не  гледам ниту една причина  зошто има потреба да се делат граѓаните на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи...

Ова е дел од ТВ интервјуто со пратеникот од ДУИ  Манојловски, што ќе го гледате во “Фактор 24” – заеднички проект на порталот Фактор и ТВ 24 вести, што го уредува и води Горазд Чомовски.

Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата