26 Април, 2024
0.0284

Британска фирма плати 1 милион евра за 2.500 акции без право на глас во македонска фирма

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

„Surrey Dynamics Limited“ плати 1 милион евра за 2.500 акции кои немаат право на глас во „Коппер Инвестментс“, македонска фирма регистрирана за „помошни дејности за останатото вадење на руда“ Лондонската компанија „Surrey Dynamics Limited“ плати 1 милион евра за 2.500 приоритетни партиципативни акции на скопската компанија „Коппер Инвестментс“. Британската компанија плати 100 пати повеќе од номинална вредност на овие 2.500 акции кои не носат право на глас и управување со таа компанија со седиште во Скопје регистрирана за „помошни дејности за останатото вадење на руда“. Купопродажбата е реализирана преку блок трансакција на Македонската берза за хартии од вредност во текот на неделава. Новиот сопственик на 2.500 приоритетни партиципативни акции на „Коппер Инвестментс“ плати во една трансакција 61,65 милиони денари. Единечната цена за акција што ја плати новиот сопственик изнесува 24.660 денари за акција. Тоа е 100 пати повеќе во споредба со единствената трансакција која на нашата берза е регистрирана на 3 септември годинава. Тогаш 2.500 приоритетни акции се тргувани по единечна цена од 246 денари – цена идентична на номиналната вредност на акцијата. Прометот изнесувал 10.000 евра односно 615.000 денари. Тоа е првата и досега единствена трансакција регистрина во регистарот на Македонската берза за хартии од вредност и може да се провери на следниот линк http://www.mse.mk/mk/stats/symbolhistory/KOPEP Таа трансакција на берзата е регистрирана по издавањето на тие 2.500 приоритетни акции со номинална вредност од 4 евра (246 денари) за акција. Тие акции всушност се издадени во оваа втора емисија  на акции по пат на приватна понуда со парични влогови за познат купувач, за што согласност во август даде и Комисијата за хартии од вредност. Средствата од втората емисија акции, како што тогаш пренел www.telegraf.mk  биле наменети за цитираме:  „поради создавање на услови за непречено функционирање на „Коппер Инвестментс„ АД Скопје http://www.telegraf.mk/aktuelno/ekonomija/183769-ohis-ke-izdade-akcii-nameneti-za-drzavata-za-da-go-namali-dolgot Според официјални податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) компанијата „Коппер Инвестментс“ Скопје има вкупно 40.000 акции од кои 15.000 акции се приоритетни и не носат право на глас туку првенство на дивиденда. Тие 15.000 акции ги поседувале 4 странски акционери. Еден од нив е странско правно лице што поседувал 2.500 приоритетни акции. Другите три акционери се странци – физички лица кои заедно поседуваат 12.500 акции со првенствно на дивиденда, но без право на глас. Другите 25.000 акции се обични односно со право на глас. Со состојба од 20 октомври таа скопска компанија имала 1 сопственик кој ги поседувал сите 25.000 акции со право на глас. Тој акционер е британската компанија „Surrey Dynamics Limited“. Според бесплатните јавно достапни податоци на електронскиот регистар  www.companycheck.co.uk  британската компанија, што во „Коппер Инвестментс“ Скопје неделава вложи 1 милион евра, на 31 март лани имала средства во вредност од 1,52 милиони фунти, обврски во вредност од 285.515 фунти, кеш средства во вредност од 370.323 фунти и нето вредност од 254.260 фунти. http://companycheck.co.uk/company/04819571/SURREY-DYNAMICS-LIMITED/financial-accounts#financials Од таму може да се види дека единствен акционер и сопственик на британската компанија е Julienne Rosamond Eve која воедно е и директор на компанијата. Инаку според податоците на companycheck.co.uk ова фирма постои од јули 2003 година. Фирмата е регистрирана за продажба на горива, руди, метали и индустриски хемикалии. Адресата на седиштето е Annecy Court Ferry Works, Summer Road, Thames Ditton, Surrey, KT7 0QJ, а трговската адреса е на Bury House, 1-3 Bury Street, Guildford, Surrey, GU2 4AW. Според достапните јавни податоци од регистарот на македонската Управата за јавни приходи компанијата „Коппер Инвестментс“ Скопје е регистрирана за дејност : „помошни дејности за останатото вадење на руда“. Во регистарот нема телефон ниту телефакс на компанијата, а адресата на која е регистрирано седиштето е на улица во „Будимпештанска“ во општина Карпош.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија