18 Декември, 2025
0.0672

(Ретро) БРИТАНСКИ ГАРДИЈАН: Инсенераторот за согорување на отпад во Македонија е во спротивност со регулативите на ЕУ

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2018 12:57

Добивај вести на Viber

Владата на Велика Британија и обезбеди Македонија инсенератор (печка за согорување на медицинскиот отпад) за согорување на отпадот кој би бил нелегален според законодавството на Велика Британија поради токсични емисии.„Британскиот инсенератор за согорување на отпад е обезбеден како хуманитарна помош и се користи во близина на главниот град на Македонија Скопје. Ако земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева дека ќе направи, инсенераторот ќе мора да се затвори, бидејќи претставува закана за локалното население и ги крши стандардите за емисија на ЕУ, пишува во една студија британски Гардијан.

Станува збор за донација во 2001 година па се поставува прашањето за генезата за актуелните состојби на депонијата Дризла која доби казна токму поради согорување на медицински отпад со печка која треба да се надополни со заштитни филтри за што е ограничена нејзината работа во текот на денот, но не и целосно забранета бидејќи ќе се предизвикаат поголеми штети со таложење на медицинскиот отпад. Во продолжение ви пренесуваме детали од истражувањето на Гардијан поврзано со споменатиот инсенератор кој не ги исполнувал еколошките стандарди.

Во текстот се наведува дека инсенераторот е еден од малкуте предвидени за Балканот според упатствата на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниту еден не ги исполнува стандардите на ЕУ.

Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.

Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

„Јас навистина сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика“, рекол тој. „Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.

Понатаму во текстот пишува дека Велевски, менаџер на Дрисла, државната компанија која управува со печката, рекол „дека не им е кажано оти чадот ќе му штети на здравјето на луѓето, од СЗО им рекле „дека деловите кои недостигаат не се потребни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти. За Македонија тоа се премногу пари.“

„Кога дознавме, побаравме од СЗО и рекоа дека деловите не беа неопходни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти, тоа е премногу за Македонија“.

Како што пишува подолу Гардијан, за инсенераторот е платено 47 000 фунти  - еден со соодветно чистење на отпадни гасови би чинел три пати повеќе.

Филип Рушбрук од СЗО бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.

Тој признал дека печката за горење на отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“

Г-дин Рушбрук додава дека Македонците изгледале многу задоволни во времето кога инсенераторот е инсталиран.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери