Бугарски ловец на мигранти му се заканува на Неделковски
Објавено во: Македонија, Балкан 27 Септември, 2016
„Бугарија денес“ објави дека Динко Велев, најпознатиот ловец на мигранти, тргнува во лов на македонскиот новинар Миленко Неделковски кој со чекан неодамна го искрши споменикот на Кајмакчалан.
„Ќе му ја скршам колата со чекан како што тој скрши плочата. Тргнувам во лов на Миленко! Планирам да го најдам неговиот дом и да му ја скршам колата со чекан. Ќе снимам цело видео со телефон и ќе го добие тоа на интернет. И тогаш ќе го прашам – пријатно ли му е на него!” - вели Велев.
„Поранешниот затвореник, суден и лежел за измами, Миленко Неделковски го искрши со чекан споменикот поставен во спомен на загинатите бугарски војници на Кајмакчалан. Миленко Неделковски, кој во моментов се претставува како спортски новинар, сам се пофали, пуштајќи слики на Фејсбук. На нив се гледа како со огромен чекан го уништува споменикот“ - пишува „Бугарија денес“.
Одлуката на Динко се наведува дека е мотивирана од „неактивноста на македонските власти“.
„Бугарија денес“ предупредува дека активностите на Неделковски најверојатно скапо ќе ја чинат Македонија и дека поддршката на Бугарија за Македонија во ЕУ виси на конец.