Царовска: Не размислуваме за зголемување на старосната граница за пензија
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2017 13:40
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска откако ги доби препораките од ММФ за зголемување на старосната граница за пензионирање посочи дека владата воопшто не размислува на таков чекор, туку со други мерки ќе го консолидира Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој најмногу го троши државниот буџет.
- Во Македонија постојат други чекори што треба да се преземат и за тоа ќе излеземе кога ќе имаме детален план. За да може да се стабилизира Фондот, прво нешто што преземавме е дека го почитуваме законското решение за зголемување на пензиите и усогласување, а не ад хок паушални зголемувања што не се основани - изјави Царовска.
Таа нагласи дека е многу важно дека Владата најодговорно тврди дека ќе се грижи за достоинствена пензија на сегашните пензионери, но и за достоинствена пензија на идните пензионери што е дискусија што заеднички ќе биде отворена.
- Не е единствено решение зголемување на старосната граница. Тоа е последното решение што треба да се преземе, навистина во Македонија има други работи што треба да се надминат во системот. Тоа е можеби идно долгорочно, но не размислуваме за тоа, сега има и други мерки што ќе ги преземеме и ќе бидат јавно објавени, изјави Царовска.
ММФ смета дека Македонија мора да ги намали буџетските расходи и да ги скрати државните субвенции за сметка на повисоки даноци.Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




