21 Септември, 2024
0.0292

Цената на становите расте, ефектите од кризата непресметани

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Како кризата влијае на цената на недвижнините - се уште нема прецизни анализи, а според најновите податоци од Народната банка цената на становите во првиот квартал пораснала. Сепак во првото тромесечје годинава економските последици од коронакризата не беа воопшто значајни, односно речиси и да ги немаше. Во тој период според најновите податоци на годишна основа, цената на становите пораснала за 1,7 проценти. Споредено со претходниот квартал, односно последниот од минатата година, цената на становите е зголемена за 0,4 проценти.

Кога станува збор за станови, во периодот од јануари до март годинава на целата територија на Македонија се продадени 719 новоизградени станови што е за 162 станови помалку од четвртиот квартал во 2019 година. Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со март, на целата територија на државата има 6.432 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените станови за 390 станови. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.706 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

Владата донесе одлука: До 31 октомври намалени цените на 73 прехранбени производи

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

НОВ ШОК: „Фолксваген“ може да отпушти до 30.000 работници во Германија

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

(ВИДЕО) Савка Димитрова: Знаев да избркам работник за ситна кражба

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

СПИСОК НА ХРАНА СО КОЈА НАЈМНОГУ НЕ МАМАТ ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ВО СУПЕРМАРКЕТИТЕ: Она што го купувате е веројатно лажно, од пармезан до тартуфи и ванила

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

Која македонска фирма лани за плати на вработените исплати 56,6 милиони евра?

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ ЕУ И КИНА: Како да се спречат повисоки царини за електричните возила

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

Гигантот за апарати за домаќинство Midea Group дебитира на пазарот во Хонг Конг

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор

ЕВРОПСКИТЕ ПРОИЗВОДИТЕ НА АВТОМОБИЛИ БАРААТ „ИТНА ПОМОШ“: Еве за што станува збор