28 Март, 2024
0.0257

Дали НБГ Групата ги оштетува акционерите во Стопанска банка Скопје?

Објавено во: Финансии 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

При последните две исплати на дивиденда акционерите кои поседуваат приоритетни акции во Стопанска банка не го добија износот кој им беше исплатен на акционерите кои имаат обични акции. Имено на собранието на акционерите на Стопанска банка Скопје одржано на 15.12.2016 се донесе одлука за исплата на дивиденда на обичните акции на износ од 159 денари, без притоа да се изгласа дивиденда за приоритетните акции, а на собранието закажано за 30.05.2017 се предлага исплата од 127 денари за обичната, и само 11 денари дивиденда за имателите на приоритетните акции. Развојот на акционерската култура е неможно со ваквите случаи на неправда, особено бидејќи нередовната исплата зависи исклучиво од мнозинскиот акционер НБГ Групата од Грција.

Како друштвото врши пресметка на дивидендата? Зошто друштвото не обезбедува акционерите  сопственици на обични и приоритетни акции да бидат еднакво третирани при исплатата на дивиденда, согласно правата од нивните акции?

Одредбата за еднаков третман на акционерите содржана во Белата книга за корпоративно управување во Југоисточна Европа не беше испочитуван на штета на сопствениците на приоритетни акции.

Веќе неколку децении законите за трговски друштва во Европа го вградуваат принципот на еднаков третман на акционерите. Овој принцип стана европски стандард со усвојување на Втората директива на ЕУ донесена во 1976 каде што член 42 од Директивата вели дека законите на земјите-членки ќе гарантираат еднаков третман на акционерите коишто имаат еднаков статус. Во согласност со Директивата, новиот Закон за трговски друштва на Македонија пропишува дека акционерите под еднакви услови ќе имаат еднаков статус. Еднаков третман на акционерите е основен принцип со кој се уредуваат акционерските односи.

Друштвото има можност да издаде неколку родови и класи акции. Може да се издаваат обични акции, а исто така и приоритетни акции. Еднаквиот третман на акционерите не значи дека сите акционери ќе се третираат на иста основа. Од различни класи акции произлегуваат различни права и обврски. На пример, акционерите коишто поседуваат приоритетни акции може да имаат право да примаат дивиденда пред таа да им се исплати на акционерите што поседуваат обични акции. Со ова не се повредува принципот на еднаков третман. Сите акционери коишто поседуваат приоритетни акции имаат еднаков третман исто како и акционерите коишто поседуваат обични акции. Обврска на менаџментот е да обезбеди да во третманот на акционерите во рамките на секој род и класа на издадени акции нема дискриминација. Меѓутоа, ако менаџментот, на пример, се обиде да им обезбеди погодности само на неколку акционери коишто поседуваат приоритетни акции, а истото не им го обезбеди на другите акционери со приоритетни акции, тоа се смета за повреда на принципот на еднаков третман. Доколку менаџментот ја повреди оваа обврска, акционерите имаат право да бараат заштита пред судот.

Забраната за нееднаков третман не се однесува само на менаџментот туку и на колективното одлучување на акционерите. На пример, ако друштвото поседува 70 отсто од акциите како обични акции, а 30 отсто како приоритетни акции, акционерите коишто поседуваат обични акции не можат да ја искористат позицијата на мнозинство за да обезбедат посебни погодности на групата акционери што поседува обични акции на сметка на акционерите коишто поседуваат приоритетни акции. Секоја одлука која може да ја измени односно ограничи класата на акционерски права мора да се донесе на посебно гласање од засегнатата класа на акционери. Ако засегнатата класа на акционери се изјасни против одлуката, одлуката не може да се усвои. Поради тоа, Законот за трговски друштва воведе процедурални заштитни мерки за да обезбеди дека принципот на еднаков третман се почитува.

Секој нееднаков третман на акционерите мора да биде во согласност со Законот и Статутот на друштвото. Меѓутоа, овој нееднаков третман не може да ја поткопа основната норма што служи како основа за толкување на сите други норми од Законот за трговски друштва - поточно оние што се однесуваат на еднаквиот третман на акционерите со еднаков статус.

Во досегашната пракса во Република Македонија најчест беше случајот на исплата на еднаков износ на дивиденда на обичните и приоритетните акции, како на пример кај Стопанска банка Битола, Комерцијална банка, поранешна Инвест банка итн. Во меѓувреме сите банки направија конверзија на приоритетните акции во обични како во следните примери:

По поднесеното барање на двајцата најголеми сопственици на приоритени акции при крајот на 2013 година, Надзорниот одбор донесе предлог одлука, додека Собранието на акционери на УНИ Банка ја изгласа одлуката за претварање на приоритетните акции во обични со право на глас.  http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=32883

Одлуката за претварање на приоритетните акции во обични со право на глас, Собранието на акционери на Стопанска Банка Битола ја изгласа при крајот на 2011 година.

 http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=30007

 http://stbbt.mk/content/pdf/T.1%20ZAPISNIK%2029-TA%20SEDNICA.pdf

Посебен случај претставува конверзијата кај Комерцијална Банка каде при претварањето  на приоритетните акции во обични со право на глас се изврши врз основа на номиналната вредност на различните родови на акции.  

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=19388

Последна забележана конверзија на приоритетните акции во обични со право на глас е кај Прилепска Пиварница а.д. Прилеп во јуни 2016 година. 

http://www.seinet.com.mk/Default.aspx?docID=39170.

Притоа сопствениците на приоритетни акции се изедначија со сопствениците на обични акции во сите наведени случаи освен во случајот со Стопанска банка Скопје.

М.М. 

(Авторот е сопственик на приоритетни акции)

*Во текстот се користени делови од УСАИД студија

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка