Дали новата влада ќе го спречи планираното двојно оданочување на дивидендите?
Објавено во: Економија 19 Мај, 2017 14:44
Министерството за финансии една седмица не одговора на прашањата во врска со намерата и дивидендите да бидат предмет на оданочувањеа. Имено, ваквата намера срамежливо беше обелоденета на неодамна одржаната трибина „ДДВ за физички лица - за и против“.
Со цел правилно да ја информираме јавноста за најавените можно промени во подзаконските акти со кои ќе се овозможи дополнително оданочување на приходите од дивиденда „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста ги достави следниве прашања до Министерството за финасии уште на 10 мај:
- Дали се подготвува измена на подзаконски акт со кој ќе се овозможи да се оданочува дивидендата дополнително и откако е оданочена како што е сега?- Доколку е точна информацијата Ве молиме за образложение кое ќе го објавиме во целост. Ве молиме образложението да ги содржи причините заради кои е применета оваа мерка, процесот во кој е донесена одлука за промена (на ниво на УЈП, Министерство за финансии, Влада?), датумот од кога ќе стапи на сила измената, што опфаќа таа измена, колку средства планирате да акумулирате на годишно ниво од измената со која се зафаќа дивиденда, каква ќе биде основицата на која ќе се пресметува данок?
„Фактор“ покрај одговор на прашањата побара да биде деставен и интегрално текстот на измената на подзаконскиот акт со цел да го објавиме.
Прашањата беа повторно доставени и вчера, но седум дена нема одговор, демант ниту каква и да е реакција од Министерството за финансии. Доколку ги добиеме одговорите од Министерството за финансии ќе ги објавиме во целост.
Претходно „Фактор“ овие прашања ги достави до Управата за јавни приходи (УЈП) од каде добивме одговор во кој пишува дека треба да се обратиме до Министерството за финансии затоа што УЈП е надлежна само за спроведување на законите и другите прописи за даноците. Ова е интегрално одговорот од даночната управа:
„За сите прашања кои се однесуваат на даночната политика, даночното право и измена на законска и подзаконска регулатива, Ве молиме да се обратите до надлежното Министерство за финансии.Согласно Законот за Управата за јавни приходи, даночната администрација е надлежна за спроведување на законите и други прописи за даноците, и следење и анализирање на примената на прописите за даноците и функционирањето на даночниот систем.Со почит,“
Влијанието на шпекулациите може да се види и во последните неколку денови преку пазарните цени на акциите кои носат дивиденда, а пред се НЛБ Скопје и Стопанска банка Скопје. И двете акции бележат падови на цените иако уште се во рок на тргување со право на дивиденда.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




