Дали со амин на Регулаторна комисија за енергетика, БЕГ ги оштетил скопјани за 13,9 милиони евра?!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2017 10:02
Стручни лица од енергетиката
направија анализа со која тврдат дека за 4 години скопјани се оштетени за 13,9
милиони евра. Имено, според анализата БЕГ преку своите фирми ќерки лиценцирани за производство,
снабдување и дистрибуција на топлинска енергија со „амин“ на Регулаторна собрал
вишок од 13,9 милиони евра со што директно ги оштетил потрошувачите.
Во анализата изработена од компетентни стручни лица се констатира дека оштетувањето на скопјани го овозможила Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со тоа што му овозможила на БЕГ да наплаќа повеќе пари одошто треба за испорачаните услуги. Од тоа 10,4 милиони евра е трајна ненадоместена штета на корисниците на услугите на БЕГ во периодот од 2013 година до 2016 година, а околу 3,5 милиони евра е штета која треба да се надомести со одлуките на РКЕ со тоа што РКЕ му овозможила на БЕГ без камати да враќа пари на своите клиенти кои претходно биле наплатени за прекумерно потрошена топлинска енергија.„Нелегалната“ добивка одобрена од Регулаторна овозможила и бесплатно кредитирање на БЕГ од страна на корисниците на нивните услуги со прекумерните наплати на средства за испорачана топлинска енергија. Воедно РКЕ му одобрила на БЕГ загуби во топлинска енергија на дистрибутивна мрежа поголеми од 12 отсто како што е утврдено со Правилникот.
Фактор се обрати до Топлификација да провери дали ваквите пресметки се вистинити, од каде ни потврдија дека според пресметките со ваквата состојба во најголемиот топлификационен систем во град Скопје оштетени се и сопствениците на капиталот во топлификациониот систем. „Недозволените вишоци на приходи генерирани со одлуките на РКЕ сериозно ја намалиле конкурентноста на топлификациониот систем во однос на другите можности за снабдување со топлинска енергија, што претставува сериозна штета за сопствениците на капитал во топлификациониот систем“ велат од Топлификација.
БЕГ е формиран во 2012 година, а лиценците за производство на топлинска енергија, за снабдување со топлинска енергија и за дистрибуција на топлинска енергија ги доби од Регулаторната комисија за енергетика на 31 декември 2012 година кога новооснованите три фирми ќерки станаа производител, снабдувач и дистрибутер на топлинска енергија. Од 2013 година БЕГ преку преку трите свои фирми со три различни регулирани дејности снабдува најголем број од скопските потрошувачи на топлинска енергија.
Фактор се обрати и до Регулаторната комисија за енергетика каде побара одговор на прашањата:
- Дали загубите на енергија во дистрибутивниот систем во периодот 2013 – 2016 година РКЕ ги одобрувала на ниво од 15,73% во 2013 година, 14,91% во 2014 година, 12,82% во 2015 година и на ниво од 13,81% во 2016 година?-Дали тоа е спротивно начленот 17 од Правилникотза определување на цените на топлинската енергија и системски услуги кој изрично забранува одобрување на загуби во дистрибутивната мрежа поголеми од 12%?
- Дали се точни пресметките на енергетичари кои ги потврдија и од „Топлификација“ дека РКЕ дозволила на БЕГ да ги оштети потрошувачите на топлинска енергија што ги снабдува од 2013 година заклучно со 2016 година?
Одговорите стигнаа пред објавувањето на текстот и истите ви ги пренесуваме во целост.
„Во врска со Вашите прашања во однос на загубите во дистирибутивниот систем на топлинска енергија со кој управува Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, Ве информираме за следното:
Регулирањето на прашањата поврзани со вршење на енергетските дејности согласно член 15 од Законот за енергетика (“Службен весник на РМ” бр. 16/11, 136/11, 79/13, 164/13 , 41/14, 151/14 , 33/15 , 192/15, 215/15, 6/16, 53/16 и 189/16), ги врши Регулаторната комисија за енергетика која е независна во своето работење и одлучување во рамките на надлежностите на овој Закон.
Регулаторната комисија за енергетика постапувајќи согласно своите надлежности утврдени во член 22 од Законот за енергетика носи подзаконски акти за регулирање на цени и тарифи за регулирани енергетски дејности. Регулаторната комисија за енергетика донесува Правилник за цени на топлинска енергија и системски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.28/13, 32/15, 126/15, 112/16).
Согласно член 17 од Правилникот за цени на топлинска енергија и системски услуги техничките загубиво дистрибутивната мрежасе признаваат до 12%од вкупната топлинска енергија испорачана од производителите во дистрибутивната мрежа.
Регулаторната комисија за енергетика при носењето на одлуките за утврдување на регулиран максимален приход за вршење на дејноста дистрибуција на топлинска енергија на Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, се води од горенаведениот Правилник и одобрува загуби во дистрибутивниот систем на ниво до 12%.
Истото може да се потврди и увиди од донесените одлуки објавени на нашата веб страна за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје, каде што се наведуваат податоци за одобрени количини на преземена и испорачана топлинска енергија, од кои што може да се пресметаат одобрените загуби кои што се на ниво до 12%, одговорија од РКЕ.
Очигледно е дека допрва ќе следи докажување меѓу Топлификација и Регулаторната комисија за енергетика за тоа каде лежи вистината. Не е исклучено и поведување на судски спорови меѓу двата правни субјекти, но доколку на крајот вистината излезе на виделина најголеми добитници ќе бидат граѓаните односно корисниците, кои точно ќе знаат дали во изминатиов период онеправдано им бил одземан дел од нивниот дохот на име надомест за топлинска енергија.
Р.Ф.Можеби ќе ве интересира
ОВИЕ ПОПУЛАРНИ ДЕСТИНАЦИИ СЕ НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ ЗА ТУРИСТИТЕ: „Убави се само на слика“

ВРЕДНОСТА НА РУБЉАТА РАСТЕ ВО ОДНОС НА ДОЛАРОТ: Kаков е соодносот на овие валути?

НАПРАВЕНА Е ПРЕСМЕТКА: Колку пари би требало да исплатат САД за купување на Гренланд?

ПОРАСТ НА ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ОД 2014 ГОДИНА НАВАМУ: Македонија е меѓу најслабите во регионот

КАФЕТО СТАНУВА СЛАТКО ЗАДОВОЛСТВО: Цената на „арабика“ е повисока за 70 отсто

ЛЕТ ДУБАИ-СКОПЈЕ: Николоски договара отварање на најмалку два лета

ЗАВРШИ ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, НО СКОПЈАНИ, НЕ СТРАВУВАЈТЕ - ако надвор е ладно, ќе има топли радијатори се до 30 април

Мицкоски и останата владина делегација во посета на емиратот Шарџа

ОД ПЕТОК ЌЕ ИМАМЕ УВИД ВО ЦЕНИТЕ: Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел ќе мора да ги објавуваат цените на прозводите на нивните веб страници
