Дали Талески ќе се „транспортира“ во судница?
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2017 08:32
Градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска треба да се појави на суд во случајот „Транспортер“ кој го покрена СЈО, а истиот беше одложен за повеќе месеци бидејќи како што велат специјалните обвинители дел од лицата кои се обвините одбивале да ги добијат поканите за суд.
Во „Транспортер“ СЈО сака да докаже дека имало злоупотреби и искористување на буџетот за стотина илјади евра кои биле дадени за прескап договор за јавен превоз на ученици со коруптивен договор од кој потоа бенефит имале повеќе лица.
СЈО за 11 лица достави предлог за притвор, а беше побарана и забрана за располагање со имот ,како и конфискација за 3 стана, 6 патнички возила и 33 автобуси.
Минатата година, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 му изрече на Талески домашен притвор, кој два пати беше продолжуван. По три месеци поминати во куќен притвор, Апелациониот суд во Скопје ја укина оваа мерка и досуди поблага мерка на претпазливост, односно нему му беше наложено секој понеделник и петок да се јавува во битолиот суд.
Можеби ќе ве интересира
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило




