19 Декември, 2025
0.0454

ДЕН „Д“ ЗА ТРАМП: Избирачите официјално бираат претседател во САД

Објавено во: Свет 19 Декември, 2016 10:16

Добивај вести на Viber

Додека Доналд Трамп забрзано го составува својот кабинет и планира претседателска програма , САД допрва денес официјално ќе избира претседател, нешто што ќе го направат 538 така наречени електори (избирачи) од сите сојузни држави , при што постои непозната можност тие да донесат изненадна одлука и да гласаат по свое.

На изборите на 8 ноември, Хилари Клинтон го надмина републиканскиот противник во вкупен број на избирачи за два процентни поени, но одлучувачко е тоа што Трамп победил во повеќе држави и така освоил 306 електорати, наспроти 232 колку што освоила неговата противкандидатка, што му донесе победа.

Меѓутоа, ниту еден избирач нема уставна обврска да ја следи војлата на народот кој го претставува, по поединечни американски земји, па на денешните избори така наречените „превртливи електори“ би можеле да гласаат по сопствено нагодување и на Трамп да му го ускратат претседателскиот мандат, иако за тоа шансите се многу мали.

Според првото сценарио, кое подразбира официјална победа на Трамп, врз основа на исходот од претседателските избори на 8 ноември се предвидува дека ќе добие 306 гласа во Изборниот колегиум кој го сочинуваат избирачи, а потребни му се најмалку 270 за да биде формално избран за претседател на денешниот електорски систем.

Второто сценарио би гласело дека „превртливите избирачи“ гласат по свое , то ест за демократската кандидатка Хилари Клинтон, при што таа на изборите на 8 ноември добила 232 изборни гласа, што е за 38 помалку од 270 колку што и се неопходни за да биде избрана за претседател.

Ваквиот исход, како што истакнува CNN е прилично неверојатен пред се поради начинот на кој Изборниот колегиум е составен, имајќи предвид дека електорите се избираат на ниво на држави и тоа најчесто на два начина-на партиска конвенција или одлука на државен партиски одбор.

Тоа значи дека електорите често се партиски лојалисти и ативисти, па со евенуталната одлука наместо за Трамп денес да гласаат за Клинтон „превртливите избирачи“ не само што ќе му свртат грб на Трамп, туку би им пркоселе на своите американски пријатели и колеги.

Според трето сценарио, републиканските електори би го изневериле Трамп, но од друга страна ниеден кандидат не би ги добил потребните 270 гласови. И таквата опција е тешко остварлива од повеќе причини, а една од нив е тоа што, иако ништо во Уставот ниту во федералното право не ги спречува избирачите да гласаат за кандидатот кој не освоил мнозинство гласови од народот во нивната држава, 29 држави имаат закони со кои се обесхрабруваат потенцијалните „електорски злосторници“.

Меѓу казните кои таквите закони ги предвидуваат се и потенцијални парични казни или закани со замена на друг избирач, иако тие закони ретко се пробани.

Доколку пак, електорите гласаат така што ни Трамп ни Клинтон не ги добијат неопходните 270 гласа, и доколку застојот продолжи и Конгресот не може да одлучи за победникот, во тој случај новиот претседател би станал вршител на должноста претседател.

Електорските гласови ќе ги пребројува и потврди Конгресот на заедничко заседание на 3 јануари, а било кој друг резултат освен победа на Трамп би вовел хаос во САД каков што не е виден во последните барем 140 години, заклучува CNN.

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела