21 Септември, 2024
0.0271

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Објавено во: Финансии 22 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Сите апели и совети, сите мерки на градење на доверба, но и сите стимулации изразени во поглед на повисока каматна стапка, изгледа дека конечно вродија плод, па денарите кои македонските граѓани ги чуваат во домашните банки, успеаја да ја надминат странската валута, или генереално еврата.

Најновите податоци за штедните влогови на нашето граѓанство кои во петокот ги објави Народна банка на Македонија, говорат дека домаќинствата конечно, можеби и за прв пат во историјата на земјава, во домашните банки повеќе чуваат денари отколку евра. Па, иако станува збор за мала и можеби незначителна разлика, факт е дека заштедите во денари сега се на поголем износ од оној што го чуваат домашните банки во странска валута.

Или, изразено низ бројки, на крајот на март годинава, за кога е последниот податок на централната банка, домаќинствата во домашните банки во денари чувале 2,888 милијарди евра, наспроти 2,879 милијарди евра колку што изнесувале депозитите во странска валута. Односно, разликата е скромни 8,5 милиони евра на страната на денарите, што е иако мала сума, но сепак можеби говори за еден позитивен тренд за штедење во домашната валута.

А, денарите и повеќе пораснале во март во однос на февруари годинава, наспроти штедењето во странска валута, каде што е регистриран пад.

Или, според бројките на НБМ, заштедите на домаќинствата во денари се зголемени за 17,6 милиони евра во текот на март, додека, пак, кај странската валута има намалување за 9,8 милиони евра.

Или, сума сумарум вкупните депозити на домаќинствата во март имаат зголемување за 7,9 милиони евра во однос на февруари.

А, штедењето во денари е многу поисплатливо од она во евра.

Причина за тоа се повисоките каматни стапки на денарското штедење, кои со неколку мерки на НБМ беа дополнително стимулирани.

Па така, за орочени денарски депозити на три години нашите банки сега нудат камати отприлика околу 2,3 проценти, додека за штедење во евра истата таа камата за орочен влог е 1,3 проценти.

Домаќинствата во март во домашните банки вкупно имале сума од 5,768 милијарди евра.

„Во март, вкупните депозити на домаќинствата се повисоки  за 0,1 отсто и 8,7 отсто на месечна и на годишна основа, соодветно. Растот кај двете основи се должи на повисоките долгорочни депозити и депозитните пари, во услови на забележан пад на краткорочните депозити“, се вели во соопштението од централната банка.

Н.Н.Ф.   

Можеби ќе ве интересира

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

„Многу е важно да се создадат услови за влез на поголем број учесници“: министерката за финансии најави развој на соработката со Берзата

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

ПРОСЕЧНАТА НЕТО ПЛАТА НАДМИНУВА 40 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве во кои сектори има најголем раст

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

„СЕПА ќе им заштеди 16 милиони евра годишно на иселениците“ - прекуграничните плаќања ќе се извршуваат за еден ден

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

Рекорди на Волстрит откако ФЕД ги намали каматните стапки: Акциите на помалите компании значително пораснаа

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ПРЕСВРТ НА БЕРЗИТЕ - Волстрит бележи пад по наглото намалување на каматните стапки на ФЕД, а златото пак поскапе

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

ЕВЕ ШТО Е АКТУЕЛНО НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНИНИ: Оваа дестинација на Балканот, има сè

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

НАРОДНА БАНКА ЌЕ ЈА НАМАЛИ ОСНОВНАТА КАМАТНА СТАПКА ЗА 0,25 п.п. - се уште има ризици од надворешни фактори

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

ШВАЈЦАРИЈА ИЗБРАНА ЗА НАЈДОБРА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ: Еве како им е на балканците што живеат таму

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците

КОМПАНИЈАТА ШТО ГО ИЗГРАДИ „ТИТАНИК“ ТОНЕ ВО ДОЛГОВИ И ЗАМИНУВА ВО СТЕЧАЈ: Шпанците сакаат да ја преземат, еве што велат Ирците