Девојчето кое се бараше во Мексико не постоело?
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
По земјотресот во Мексико вниманието на јавноста и на светот беше насочено за спасувањето на девојчето Фрида Софија, за која се мислеше дека се наоѓа во урнатините на училиштето.
Медиумите, властите и волонтерските спасувачи упорно ја повторувале приказната за Фрида, девојчето кое наводно е заробено под урнатините. Тврдат дека таа мрдала со прстите, на спасувачи им го кажала своето име и дека покрај неа има и други заробени во урнатините од училиштето.
Сепак, според информациите, девојчето воопшто не ни постоело. Тврдењето дека под урнатините на училиштето, ја нема Фрида Софија, го изнеле претставници од мексиканската морнарица.
„Немаме никакви сознанија за извештај во кој се споменува името на девојчето. Никогаш не сме имале сознанија за такво нешто“- соопштил потсекретарот на мексиканската морнарица, Анхел Енрике Сармјенто, пренесе АП.
Сармјенто изјавил дека камерата спуштена во урнатините, каде се најдени крвави траги од лице, кое наводно успеало да се извлече. Според списокот на исчезнати, единствено лице по кое трага, е лице кое било вработено во училиштето.
Мексиканските власти објавија дека досега во земјотресот загинале 286 луѓе.