Димовски најави вложувања во енергетика и рудни богатства
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2016
Илија Димовски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 денеска изјави дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и државните компании во областа на енергетиката ќе вложат огромни суми во енергетскиот сектор, во откривање на нови рудни богатства и во зголемување на капацитетот на производство на електрична енергија.
Димовски кажа дека еден од клучните проекти во програмата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во Малешевскиот дел. Додека дека се направени огромни истражувања на потенцијалите за јаглен.
„Примарните резултати од тие истражувања говорат дека количината на јаглен е огромна, но она што изненадува е квалитетот на истиот кој веројатно ќе биде еден од подобрите, ако не и најдобар во Македонија. Вниманието во овој дел ќе биде насочено кон тој потенцијал. Завршување на сите физибилити студии и можност за отворање на голем рудник за јаглен во овој дел, а со тоа природно следува создавање на услови за изградба на термоцентрална која ќе значи многу вработувања, но и индустриски препород на целиот регион“ - вели Димовски.
Носителот на листа информира дека државните компании имаат сериозна намера да работат на вакви проекти.