ДОГОВОРИ ВО 4 ОЧИ СО ДРЖАВАТА: Големи зделки за „Трансмет“, „Порше - Македонија“, „Пелистер“...

Објавено во: Економија 08 Април, 2017 08:47
Само во 2016 година, преку договор во четири очи или преговарање без објавување на оглас биле склучени 605 договори. Новиот извештај за јавните набавки што го објави Центарот за граѓански комуникации покажува дека вредноста на договорите склучени на ваков начин изнесува 34,8 милиони евра.
“Овиe договори главно се склучувале поради следниве причини: поради заштита на ексклузивни права договорот може да го изврши само една фирма, пришто ваквото образложение стои зад 45% од договорите и поради крајна итност од набавка со удел од 45%. Анекс-договорите, кои исто така припаѓаат на овие директни договори, опфаќаат 5% од вкупната вредност“ – објаснуваат од Центарот за граѓански комуникации.
Кои се компаниите кои котираат на врвот ?
Најголемите десет договори кои вкупно се вредно 20 милиони евра учествуваат со 60% во вредноста на директните договори склучени во 2016 година – се нотира во новиот објавен извештај. Во првата десеторка влегуваат државната Елем, Министерството за внатершни работи, Министерството за образование, Агенцијата за електронски комуникации и Јавното претпријатие за државни патишта.
Така, државната АД Елем, во првата десетторка, котира на три места. Склучен договор со фирмата Пелистер Битола, вреден 5,77 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина за РЕК Битола, и два договори од 1,15 милиони евра и од скоро 614 000 евра со фирмата Марковски компани за помошна механизација на повик за РЕК Битола.
И Министерството за образование, според вредноста на договори склучени со преговарање, без објавување на оглас или во четири очи, котира со три различни договори – со фирмата АРС Ламина – Скопје е склучен договор во вредност од 3,91 милиони евра за откуп на учебници за учебната 2016/2017 година, со тетовската фирма Арбериа-Десинг е склучен договор вреден 2,67 милион евра, а со фирмата Просветно дело договор вреден 1,51 милион евра, и во двата случаи за набавка на учебници за учебната 2016/2017 година.
На трето место, според вредноста на зделката се наоѓа Јавното претпријатие за државни патишта кое преку договор склучени со преговарање, без објавување на оглас или во четири очи на фирмата Трансмет Скопје и доделил бизнис од 2,68 милион евра за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје. Токму фирмата “Трансмет“ заедно со нејзиниот сопственик се под истрага на Специјалното јавно обвинителство. Сопственикот Сеад Кочан веќе еден месец не е достапен на органите на прогонот, иако има барање, односно решение за негов притвор. Компанијата “Трансмет“ е дел и од други договори со државата а според опозициската СДСМ, оваа фирма беше и дел од прислушуваните материјали, поврзувајќи ја со тендер за РЕК Битола.
Министерството за внатрешни работи преку договори склучени со преговарање, без објавување на оглас или во четири очи, од фирмата Порше Македонија обезбедиле 25 теренски SUV возила за 618 000 евра. На крајот од март СЈО објави истрага под името “Триста“ во која се споменува името на автомобилската компанија Порше.
“Осомничениот како службено лице овластен со решение од министерот за внатрешни работи, при јавни набавки го оштетил буџетот за 27.894.555 денари или 453.570 евра. Постои основано сомнение за противправно склучени договори за купопродажба, сервисирање и одржување на 300 автомобили со правните лица „Порше Македонија“ , „Колевски“, „Бохемија автомобили Роус“, „Ка-Дис ДОО“, „Аутомакедонија“, „Авто куќа“ и „Автомобиле СК“, кои не биле најповолни понудувачи на тендерот иако единствен критериум било токму тоа, да имаат економски најповолна понуда. Службеното лице од МВР дејствувало без да го почитува тој критериум и постапило според извештајот на Комисијата за јавни набавки иако знаело кои се најповолните понудувачи – соопшти тогаш обвинителката Фатиме Фетаи
Во топ десетте највредни договори склучени во четири очи, односно со преговарање, без објавување на оглас е и договорот на АЕК кој изнесува 834 илјади евра наменети за ангажирање на фирма за одржување на мерна електронска опрема.
Д.Д.
Можеби ќе ве интересира
ГРЦИТЕ СТАНУВААТ СЀ ПОСТРОГИ СО ПРАВИЛАТА - се воведуваат нови мирни часови, кој ќе ги прекрши, ризикува и до пет месеци затвор

ИСЕЛУВАЊЕТО ОД ГЕРМАНИЈА СТАНУВА СЀ ПОПОПУЛАРНО - ова се трите топ земји каде што заминуваат Германците

APPLE ИМА ГЕНИЈАЛЕН ПЛАН ЗА ЗАОБИКОЛУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ - iPhone ќе ги преживее давачките на Трамп

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ - еве како ќе растат пензиите во Хрватска

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП УТРЕ ДЕФИНИТИВНО СТАПУВААТ НА СИЛА, СО 50 ЗЕМЈИ СЕ ПРЕГОВАРА - но исходот нема да се чека

МИНИСТЕР НА ТРАМП РЕЧЕ ДЕКА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“ НИКОГАШ НЕМА ДА ПАДНАТ ПОД 235 ДОЛАРИ. НО ПАДНАА - еве што ја мачи компанијата и зошто во прашање е и Маск

ЕДНА КОМПАНИЈА ДИРЕКТНО ЗАВИСИ ОД ИЗВОЗОТ ВО САД: Се работи на решавање на тој проблем

„МАКЕДОНСКО СЕЛО“ ОД ЈУНИ ПОВТОРНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - потпишан договор за концесија

„Ајфон“ моделите поскапуваат во трговската војна помеѓу САД и Кина
