19 Декември, 2025
0.1395

Должничко ропство, правна неправда...

Објавено во: Економија 08 Јануари, 2017 09:11

Добивај вести на Viber

Нема крај на маките на Фиданка  Жоглева која  е една од армијата граѓани исклучени од системот за парно греење, а се како што велат приморани да плаќаат услуга која не ја користат. Таа со своето семејство живее околу триесет години во скопско Лисиче. Станот вели го купиле со многу откажувања и со големо штедење. Парното присилно им било исклучено уште во 1998 година, а пред три години добиле известување дека мораат да плаќаат за парно греење бидејќи неколку  соседи од зградата користеле парно, па оттаму им се затоплувал и нивниот дом. Фиданка вели дека иако со години се греат на струја, сега преку нотари и извршители им  стигнуваат заостанати долгови за  оваа како што ја нарекува “виртуелна”  услуга.

“Јас и сопругот со децата живееме во семејниот стан кој го затоплуваме со термо на струја. Неможеме да плаќаме за нешто што не го користиме. Нема логика парното да е поскапо од струјата или дрва, или некој друг вид на греење и да бидете приморани да го користите, или како во нашиот случај воопшто да не го користите. Во  зградата  имаме  уште еден парадокс. Во нашиот подрум поминуваат цевките за парно, тука е практично целиот приклучок и се развива голема температура. Зимницата лани ја фрливме бидејќи скисна, неможам ништо да оставам таму. Сега се чувам на тераса, а зима е, минус температури и се ми замрзнува. Пријавив до надлежните, но за тоа имаат свое оправдување дека така било предвидено и никој не ја сноси одговорноста, а за наталожени со сила нивни правила ние мора да страдаме. Ова е невидено. Страшно и срамно” – револтирано објаснува  Фиданка.

Скромната пензија  од десет илјади денари вели не стигнува ниту за  покривање на основните трошоци. Иако целиот работен век го минала во фабриката “Газела”, кога и било најпотребно останала без работа. Потоа  како стечаец цели седум години била без никаков паричен надоместок. Па сега кога  едвај  успеала да добие старосна пензија, наместо за спокојна старост,  размислува како да се справи со проблемот за долгот и долгата и макотрпна судска постапка.

“Дваесет години работев во фабрика, секое утро пеш сум одела на работа. Мачно и тешко заработени пари. Со сопругот здравјето го оставивме таму, па под стечај, нервози, немаштија. И сега наместо да се радуваме на колкава-толкава пензија и да си купиме нешто за домот и децата, се мислиме како да сврзиме крај со крај и да ги подмириме трошоците за нотари, извршители, судски такси.  Пензијата не ми стигнува само за струја и храна. Од друга страна со години се влече процесот, ми рекоа сме биле пасивни корисници бидејќи другите соседи кои биле на парно ги грееле ѕидовите.  Јас им реков и на судиите и на извршителите дека не го прифаќам долгот. Неможат да ми ја земат душата. Водиме тешка битка, но праведни сме. Не бараме туѓо, туку правдата да излезе на виделина. Поднесовме  приговор до судот  бидејќи долговите само се натрупуваат. Почнаа со пресуда од 3000 и за една година трошоците со  извршители пораснаа на  16 000. Вистинско должничко ропство”- вели Жоглева.

Тропнала на сите врати. Наишла само на раскош и мермер зад  адвокатските, нотарските, извршителските и вратите на Регулаторната комисија пред која заедно со група граѓани протестираат со години, но не и на разбирање. Сите останале глуви на нивните барања. Отпрвин како што вели барем некој ќе ги ислушал, сега не сакаат ниту да ги примат, ниту да им ја чујат маката, а уште помалку да ја решат.

Гневна е што молчи и државата која верува дека може лесно да го реши проблемот со наметнатите обврски и долгови  на стотина граѓани. Очекува 2017-тата да биде година на промени, судски разврски и одлуки  во  корист на граѓаните.

Секоја недела се собираат пред Регулаторната комисија во центарот на градот во чија непосредна близина е Триумфалната капија. Деновиве исклучените од парно  подготвуваат иницијатива за именување на како што велат единствената капија која нема ниту име ниту посвета, а треба да симболизира некаква победа.  Па затоа велат ќе предложат таа да биде посветена на триумфот на граѓаните и напатените, оние на кои особено во зима на температури под нулата им останува само надежта и желбата за триумф над неправдата. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии