27 Април, 2024
0.0140

ДОСИЕ ХАШКИ СЛУЧАИ: Меѓу патриотизмот и политичкиот пазар!

Објавено во: 07 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Во доцните вечерни часови, на 19 јули 2011 година, Собранието на Македонија го усвои автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со што практично се создаде можност за амнестија на одговорните за “Хашките случаи“. Во парламентот, 63 пратеници гласаа „за“ а  29 „против“. Со овој потег на владеачкото мнозинство практично се стави крај на кривичното гонење на изврштелите и одговорните за Хашките случаи.  Само два месеци по усвојувањето на автентичното толкување, македонските судови, по барање на Јавното обвинителство го запреа единствениот почнат судски процес од Хашките случаи – оној за “Мавровските работници“. Токму автентичното толкување на  членот 1 од Законот за амнестија ја подели и политичката и експертската јавност. Подносителот тогаш посочи  дека автентичното толкување  треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка. Усвојувањето на ова автентично толкување практично ги опфаќаше четирите клучни случаи “Водство на ОНА, „Непроштено“, „Мавровски работници“ и „Липковска брана“. Сите овие случаи  беа процесуирани во Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но  во 2008 година тие беа вратени во надлежност на македонските судови. Жртви на конфликт или на политика .... Командната одговорност на ОНА, затворањето на Липковска брана,  киднапирањето цивили од кичевско-тетовскиот регион и малтретирањето на мавровските работници, ова се четирите Хашки случаи, кои беа затворени без судски прцес, преку Законот за амнестија, кој беше донесен во 2001 та, но со автентично толкување, тој ги опфати и овие случаи, со што се обезбеди амнестија за одговорните. Само два месеци по усвојувањето на автентичното толкување, Судот во Скопје официјално го затвори случајот „Мавровски работници“.  Судот донесе одлука да се запре постапката по барање на обвинителството, кое се повикува на автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија. Тоа значеше дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор осомничените за дела поврзани со конфликтот во 2001-та година.   Случајот „Мавровски работници“  беше  единствен  за кој почна судски процес. Првоосомничен за овој случај беше Шкодран Идризи а еден од обвинетите беше и Хисен Џемаили, подоцна пратеник на ДУИ. За овој случај, кој беше единствен што заврши на суд, беа осмничени уште други десет лица, кои се теретеа дека на 7 ми август 2001 та година  брутално малтретираа работници од градежното претпријатие “Маврово“. Роднините на киднапирани во конфликтот во 2001 та година сеуште бараат одговори за тргадијата во која 12 лица, цивили, сите невооружени и неинволвирани во борбите, исчезнаа без трага. Роднините на киднапираните Македонски до Јавното обвинителство поднесоа кривична пријава против Даути Реџепи-Лека за сторено кривично дело злосторство врз цивилно население ни и кривична пријава против лидерот на ДУИ Али Ахмети. Паралелно, се водеше имаше и постапка за случајот “Јама“ поврзан со исчезнување на осуммина албанци. Затворањето на вентилите од браната на Липковското Езеро  се случи летото 2001 година кога над 100.000 луѓе на повеќе од  35 Целзиусови степени останаа без свежа вода. Куманово беше на чекор до хуманитарната криза, а  градот цели 40 дена со вода  се снабдуваше со цистерни. До Основниот суд Скопје 2 беше поднесено барање за спроведување истрага против едно лице поради основано сомневање дека извршил кривично дело воено злосторство против цивилното население. По затворањето на хашките досијеа, единствениот осуден за воени злодела за конфликтот од 2001 година е Јохан Тарчуловски, чиј случај го процесуираше Хашкиот трибунал. Тарчуловски вчера му се обрати со писмо на премиерот Никола Груевски, во кое го повикува да ги „стави во историјата“ хашките случаи и да ги „заврши сите трауми од минатата деценија“. Кој што кажа и  што направи во 2011 та година ...  Маратонската расправа за автентичното толкување на челенот 1 од Законот за амнестија финишираше во доцните вечерни часови на 19 јули, 2011 та година. Пратениците од опозициските СДСМ и НСДП се изјаснија дека ќе гласаат против, и гласаа против. Нивниот клучен аргумент беше дека со овој потег се урива правната држава а хашките предмети кои од Меѓународниот суд во Хаг беа вратени во Македонија, не смееле да бидат предмет на Законот за амнестија. Освен тоа, опозициските пратеници од говорницата порачаа дека  со гласањето за предлогот се врши повреда на меѓународното хуманитарно право и се излегува во пресрет на партиско-приватни интереси. Тито Петковски од НСДП  тогаш изјави дека изгласувањето е услов без кој ДУИ нема да  и овозможи на ВМРО-ДПМНЕ да формира Влада. “Се излегува со автентично толкување  кое треба да го гласа  нов состав, а за кое мислење дава Влада која моментно е техничка. Со вакви постапки државата го прекршува меѓународното право, а Собранието се доведува во ситуација да прави нешто што не е негова работа и постапува како суд во сите инстанци“, оцени тогашниот пратеник Петковски. За владеачката ДУИ, усвојувањето на автентичното толкување, практично значеше крај за кривично гонење на одговорните, меѓу нив и поранешни команданти на ОНА но и крај за командната одговорност на ОНА, која беше предводена токму од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Не е точно тврдењето на Петковски оти Македонија го прекршила меѓународното право. Хашкиот суд не ни ги врати предметите за да се однесуваме вака, туку да го затвориме проблемите. Гледам дека некому сеуште му одговара Законот за амнестија да се спроведува на селективен начин. Верувам дека овој Парламент денес ќе најде сила да ја затвори овој проблем, оцени тогаш пратеничката Сузана Салиу од ДУИ. Изет Зеќири од Националната демократска партија НДП обвини дека Демократската унија за интеграција и покрај подолготрајното учество во власта  не успеала да обезбеди почитување на Законот за амнестија. Според Наташа Савова, тогашна пратеничка  од СДСМ,  со предложеното автентично толкување „политиката го погазила правото“. “На хашките случаи, смета таа, им треба судска завршница во интерес на, како што рече, конечното помирување меѓу Македонците и Албанците  и функционирањето на правната држава.“, изјави Савова. Во име на ДПА пратеникот Беким Фазлиу рече дека пратениците од оваа партија ќе го поддржат предлогот  за автентично толкување иако, како што оцени, е задоцнета  примената на Законот за амнестија. “Бараме како последица на непочитување на Законот да се обесштетат сите лица кои страдале“,  рече Фазлиу. Барањето за автентично толкување беше поднесено од пратеници од ДУИ откако претходно автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија беше изгласано на собраниската Законодавно-правна комисија. На 31 ви октомври, 2012 та година Уставнот суд ги отфрлени двете иницијативи за оценување на уставноста за Законот за аменстија на хашките случаи и за Законот за аменстија на борците на ОНА,  донесен во 2002 година. Судиите биле едногласни во решението да не оценуваат дали е уставен законот за амнестија донесен, бидејќи претходно во два наврати ја отфрлил истата иницијатива. За автентичното толкување на Хашките случаи, судот со мнозинство гласови на уставните судии решил дека со автентичното толкување е даден поширок опфат на делата кои се амнестираат со законот. Д.А.