24 Јануари, 2025
0.2731

ДОСИЕ КОЧАН: Градител, медиумски газда, СЈО!

Објавено во: Економија 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Од тендери за ископ на јаглен до тендeри за изградба на булевари, делници, чистење на канали, барокни фасади – компанијата „Трансмет“ чиј поранешен сопственик Сеад Кочан е првоосмничен во најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство, важи за доминантна компанија во тендерските зделки со Владата на ВМРО ДПМНЕ. Од 2012 година досега оваа компанија има добиено близу 64 милиони евра од државни тендери.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, најкрупните тендери се со РЕК Битола, односно за четири години, „Трансмет“ на Кочан  кеширала околу 55 милиони евра од два тендера со РЕК Битола.

Компанијата „Трансмет“ во 2012 година со државната ЕЛЕМ потпишала договор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во Рудник „Суводол“, со дотур на дробен јаглен на транспортерот, во  износ од 19,2 милиони евра и со траење од 36 месеци. ЕЛЕМ на овој тендер добил 6 понуди, а договорот го склучил со „Трансмет“. Оваа компанија за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во рудникот „Суводол“ потпишала договор и во 2013 година со вредност од 38,4 милиони евра. А токму во најновиот случај што го отвори СЈО под кодно име „Труст“, а кој се однесува на тендерот објавен од ЕЛЕМ во 2011 година прво осомничен е Кочан. Второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“,  Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ.

Сите тројца се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Предмет на набавката била дробилица за ископ во јаловина во РЕК Битола.Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“. Тендерот бил распиошан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги исполнуваат.Првосомничениот Кочан, како што посочија од СЈО како доказ за поседување на градежна механизација, кој бил еден од условите за учество во тендерската постапка, доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини. Доставени биле невистинити договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизација.

Тендери за чистење на канали, барокни фасади, автопати

Од СДСМ лани обвинија дека само во 2014 и во 2015 година, компанијата „Трансмет“, добила 4 милиони евра за изградба на пристапен пат за браната „Речани“ на Оризарска Река, Кочани, и за санација на браната Пишица, во Пробиштип, за потребите на Управата за водостопанство. Дополнително обвинија дека преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно Платежната агенција,оваа компанија и компанијата „Силекс неметали“, добивале пари од Програмата за рурален развој. Поранешниот дополнителен заменик-министер за земјоделството тогаш Љупчо Николовски, тогаш обелодени дека за чистење на канали за одводнување и наводнување, покрај фирмата „Силекс Неметали“, којашто добила половина милион евра, и на фирмата „Трансмет“ и се исплатиле  близу 700 000 евра. Николовски објави документи според кои фирмите „Трансмет“ и „Силекс неметали“,незаконски добиле тендер вреден 25 милиони евра, за изградба на браната Речани на Оризарска река, општина Кочани.

Минатата година Јавното претпријатие за државни патишта без да објави тендер,за фирма за реконстукција на скопската обиколница која беше уништена од поплавите, ја избра „Трансмет“.Од претпријатието потегот го оправдуваа со итноста да се санира обиколницата. Тендерот беше во износ од колу 3,6 милиони евра.Тогаш Кочан изјави дека се е спроведено законски.  

Компанијата „Трансмет“ е и дел од неколкуте компании кои учествуваа во реконструкцијата на барокните фасади во Скопје. Оваа компанија лани го доби тендерот во износ од речиси 1 милион и 700 илјади евра за објектите а Министерството за труд и социјала, Државниот завод за статистика, Трговскиот центар „Палома Бјанка“. Градот Скопје ја избра за најповолна понудата на компанијата „Трансмет“ за изградба на новата фонтана со прскалки на Плоштадот Македонија, а тендерот изнесуваше 2,4 милиони евра. Меѓудругото „Трансмет“ учествуваше во изградба на втората делница од трасата Кичево-Охрид, третата фаза од проширување на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, изградба на велосипедска патека,а се јавува како јавно –приватно партнесрство со општина Ѓорче Петров во изградбата на бизнис центаро „Емпорио“ каде што еден дел е наменет за општинската зграда.

Сеад Кочан од градежник до газда на телевизија

Бизнисменот Сеад Кочан, лани ја напушти директорската функција во „Трансмет“. Сега управител е неговиот брат Чедо Кочан. Кочан сега е газда на телевизијата ТВ Нова. Неговото име беше споменувано и во „политичките бомби“ што ги објавуваше СДСМ. Во објавените снимки поранешниот  премиер Никола Груевски го именуваше Кочан како „лицето што вози сеат“. Токму во еден од разговорите што го обелодени СДСМ  се зборува за конзорциум што би требало да го формира лицето „Сеат Ибица“ . Во објавениот разговор меѓу поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски се спомнуваат директорите на повеќе градежни компании меѓу кои беа и „Трансмет“ и „Силекс“, кои заедно со фирмата „ВАТО“, сега СЈО ги товари дека со лажна документација  исмпумпале 17 милиони евра од РЕК Битола.

Т.С

Можеби ќе ве интересира

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ОСАМНАА ПРАЗНИ ПРОДАВНИЦИ: Почна бојкотот на трговски синџири и бензински пумпи во Хрватска

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

ВО ОВАА ЗЕМЈА ПЛАЧАТ ЗА РАБОТНИЦИ, ДАВААТ ПЛАТА И ДО 2.500 ЕВРА: Секој кој има еден од петте занаети може буквално да избере каде ќе работи

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ - до каде е тајванската инвестиција во Македонија