Добивај вести на Viber
Зоран Милковски, е новиот генерален директор на Гранит. Тој доаѓа на челната позиција, откако неговиот татко одлучи да се повлече од позицијата прв човек на најголемата градежна компанија во земјава. Ќерката на Страшо, Ивана Милковска Симева е помошник генерален директор. Милковски постариот беше прв човек на компанијата 21 години и важи за еден од најуспешните бизнисмени во Македонија.
Страшо Милковски е роден на 22 март 1951 во Делчево. Таму завршува основно училиште. Милковски е дипломиран архитект, средно архитектура завршува во Скопје. Значаен дел од својот живот Милковски поминува во Делчево.
Секогаш кога ќе дојдам во Делчево ми навираат посебни емоции, вели Милковски. Кариерата ја започнува во родното Делчево, работев во Гранит, како директор на 11 градилиште Делчево. На 14 години го напушта родното Делчево. Татко ми, вели Милковски не сакаше да учам во Делчево, па продолжив средно во Скопје. И покрај големата желба да станам правник, не станав правник, иако бев добар математичар..
Прво вработување
Во првите две години од работниот стаж е началник за урбанизам во собранието на општина Делчево. Пред да дипломира бил вработен во Делчево. Работел на урбанистичките планови на градот под Голак. Бил референт за урбанизам, скоро една година, а потоа шеф на отсек. За кратко време по општинските избори бил назначен за член на извршниот совет и началник на одделението за урбанизам и станбено комунални прашања на општина Делчево, каде претседател на извршниот совет бил универзитетскиот професор Трајан Гоцевски.
Приказната на Гранит
Страшо Милковски во Гранит помина скоро три децении. Почетоците му се врзани со Делчево, каде е изведувач на помали, а потоа и на посложени објекти, по што е назначен за раководител на градежната оператива во Македонска каменица во време кога таму многу се гради. Се враќа во Делчево на гранитовото градилиште каде поминува шест години како технички директор, потоа станува директор - функција која ја извршува седум години. Подоцна бил избран за делегат во собранито на Социјалистичка Република Македонија. Еден цел и еден половина мандат, речиси до 1990 година. Од 1994 година до неодамна беше на позицијата генерален директор на Гранит.
За Гранит
„Гранит“ е основана како компанија за градење на патишта за потребите на С.Р.Македонија , на 24 Ноември, 1952 година. Во следните скоро шест децении Гранит се има трансформирано од социјалистичка компанија во јавно друштво со приватизацијата во 1996 година, растејќи да стане најголем македонски градежен изведувач. Во југословенската ера Гранит разви капацитет за извршување поголеми проекти и откако Македонија стана премала да ги задоволи полните капацитети на Гранит, како решение се зема проширување и учества во интернационални проекти.
Приватизацијата на Гранит
За генерален директор на Гранит, Милковски доаѓа кон крајот на 1994. Гранит тогаш немаше отпочнато со приватизација. Тогаш излезе закон со кој општествените претпријатиа требаше да се приватизираат. Постоеа два типа на приватизација, едниот беше менаџерски откуп, а вториот работничко акционерство. Гранит тогаш броел 7 или 8000 вработени. Единствен модел кој беше прифатлив за Гранит беше работничко акционерство, вели Милковски. Во тој период кога имаше проблем со ликвидноста, Гранит успеа да излезе надвор. Компанијата го искористи моделот на Анте Марковиќ, сите вработени добија акции.
За обвинувањата за приватизација
Процесот на приватизација за многумина во Македонија е оспоруван, контраверзен. Работниците генерално обвинуваат за неправедна приватизација, но...
„Постојат различни мислења за процесот на проватизацијата, но приватизација нема правична. За мене е успешна приватизација доколку фирмата работи, вработува, прави приходи, остварува профит“, коментира Милковски. Горд сум што Гранит сега е најголема градежна фирма во Македонија, една од најголемите на Балканот, почитувана и дома и надвор. Не може никој да каже дека ние нешто сме земале, целиот капитал беше распореден рамномерно како што предвидуваше законот за приватизација на Анте Марковиќ“, вели Милковски. Гранит денес се наоѓа во првите 150 компании во светот.
Политичкиот ангажман повеќе ми наштети
Страш Милковски во почетоците на 90-тите години е активен чинител и во политичкиот живот. Беше пратеник од редовите на СДСМ во првиот повеќепартиски парламент.
„Мешањето во политиката ве социјализира, ве доближува до многу информации, многу контакти, но од друга страна мене политиката повеќе ми наштети. Во 1998 година кога дојде ВМРО ДПМНЕ на власт, сакаа да ја земат фирмата, имав полициски контроли, 7- 8 кривични пријави, но ниту една од нив не се процесуира, немаше лична тужба, сите беа за Гранит. Тоа беше голема штета, ние бевме единствена градежна компанија која беше најдобра во Македонија, а доживеавме таква контрола“, вели Милковски.
Би било добро да го смениме начинот на размислување и да почнеме повеќе да работиме.. Успехот во бизнисот бара деноноќна и макотрпна работа, додава Милковски.
Компанијата Гранит и Скопје 2014
„За вкусот и боите не треба да се суди. Ние како изведувачи на работите не го кажуваме нашето мислење, проектите ги изведуваме како што се бара од нас, а за тоа колку се убави или не ќе суди јавноста. Може да се каже дека македонското градежништво е носител на економските движења во земјава“, вели Милковски. На Гранит не му се конкурентни големите фирми, туку човек фирмите кои не плаќаат даноци. Големите компании може да им бидат партнери во настапите надвор од Македонија.
Најкотирано друшво на Македонската берза за кој значен интерес покажуваат и фирми од регионот
Со самото излегување на берзата компанијата беше спремна дека може да дојде до превземање на компанијата, може да се случи пријателско, но може да дојде и до непријателско. Пазарната вредност на Гранит е околу 30 милиони евра, а ревалоризационата вредност е 70 милиони евра. Во Гранит денес има многу млади луѓе, вели Милковски. Среќен сум што направивме тим, ние сега можеме мирно да се повлечеме, а тие не само што ќе ја задржават фирмата туку и ќе ја прошират. Ние сме овде само за совети. Гранит е фирма со голема перспектива.
Гранит денес
Денеска Гранит брои 1600 вработени. Месечно по основ на плати компанијата издвојува 1,5 милиони евра. Сите давачки спрема државата се редовно исплаќани. Во биографијата на Гранит значајно место заземаат многу градежни активности.
1963
Гранит учествува во реконструкцијата по земјотресот во Скопје кој го срамни со земја поголемиот дел од градот.
1969
Првиот договор во странство и на блискиот исток, изградба на автопатот Хомс-Салет во Сирија
1972
учевствува во изградбата на Цветендорф нуклеарната централа во Австрија.
1974
на Гранит му е доделен договор да ја изгради воената авио-база во Кувајт (договор од 162.000.000,00 американски долари), кој е и првиот поголем договор во странство.
1979
Гранит влегува на пазарот во либија градејќи автопати и улици во бенгази
1981
Гранит го добива својот втор по големина договор (93.500.000,00 ам.долари) за изградба на стамбени згради во Мисурата, Либија.
проект 202-б-2 воени авио-бази (249.500.000,00 ам.долари) во Ирак.
1987
Проект 1100 – воени авиобази во Ирак.
1989
рехабилитација на пистата на кувајтскиот интернационален аеродром.
изградба на воена авиобаза во Алжир.
1993
првиот проект во странство по распадот на југославија, изградба на фабриката за челик во новокузнец, првиот проект на Гранит во Русија.
1994
настапува на пазарот во Бугарија со 56.000.000,00 ам.долари во договори.
1996
се трансформира во акционерско друштво и стана првиот градежен изведувач со приватен капитал во земјата.
1997
Гранит започнува хотел на охридското езеро со првична идеа тоа да биде одморалиште за вработените во претпријатието. подоцна истиот се отвори и за јавноста.
рехабилитација на аеродромот во Сараево.
1999
влегува на албанскиот пазар каде за три-годишен период добива четири договори од вкупно 60.000.000,00
2000
добива договор за работа на аеродромот во Софија.
2001
Гранит ја оснива подружницата гаматроникс за да управува со армирачкиот погон, најголемата бетонска база во скопје како и машинската работилница која е дел од рудникот за цинк и олово во источниот дел на македонија.
2003
хрватски пазар со 62.520.000,00 евра.
украински пазар со договори од вкупно 135.000.000,00 евра.
2006
рехабилитација на аеродромот во Приштина.
Гранит добива договор од 10.000.000,00 евра за изградба на американската амбасада во Скопје.