ДРАМАТИЧНО: Надворешниот долг надмина 8 милијарди долари !
Објавено во: Финансии 04 Јануари, 2017 08:19
За
прв пат во историјата на Македонија, Бруто – надоврешниот долг
намина 8 000 000 000 долари ( осум милијарди долари), или конкретно, заклучно
со третиот квартла од 2016 достигна ниво од 8,4 милијарди долари односно 7,5
милијарди евра.
Според податоците на Народната Банка, само за три месеци, или во третиот во споредба со вториот економски квартал, бруто надворешната задолженост се зголемила за 623,6 милиони евра. Растот на асолутната задолженост се одрази и вврз процентуално зголемување на задолженоста кој сега изнесува 78,1% од Бруто домашниот производ.
Податоците покажуваат дека на квартално ниво, пораст на надоврешната задолженост има кај “државата“, па така од 2,1 милијарда евра таа на крајот од септемри достигнала ниво од 2,6 милијарди евра.
Бруто надворешен долг – држава :
Iквартал 2 124 160 000 евра
IIквартал 2 139 020 000 евра
IIквартал 2 657 090 000 евра
Растот на задолженоста на државата кон странство во овој период е резултат пред се на Еврообврзницата од 450 милиони евра, но од друга страна подтоаците покажуваата дека овој тренд на пораст се одржува подолг период. Така на пример, бруто надоврешната задолженост на државата кон странство во третиот кавартал од 2016 година, во споредба со истиот квартал од 2015 година е зголемена за 676,7 милиони евра, а во однос на истиот еприод од 2014 година има раст од 509,8 милиони евра.
Пораст на надворешната задолженост има и кај приватниот сектор. Инфромациите од Народната банка покажуваат дека од 2004 година до сега, Бруто наворешениот долг достигнал највисоко ниво – и како апсолутен износ и како процент од БДП. Во очекување на финалните податоци за надворешната задолженост за последниот квартал од 2016 година, веќе се знае дека во 2015 нивото изнесуваше 69,4% а 2014 година заврши со бруто надворешна задолженост од 70%. Според овој критериум Македонија веќе е во групата на високо задолжени економии.
Темпото со кое земјава се здолжува, дома и во странство, беше нотирано во извештаите на меѓународните финансиски институции, кои упатија препораки за консолидирање на јавните финансии и намалување на дефицитот, што треба да се одрзаи и врз забавување на темпотот на задолжувања.
Можеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




