13 Јуни, 2024
0.0282

Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За едно евро по метар квадратен секој граѓанин ќе може да легализира земјиште кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, предвидува новата владина мерка донесена на последната седница на Владата, која стапува на сила веднаш.
-Најголемиот дел од овие 360.000 семејства практично ќе ја имаат можноста по симболична цена за едно евро по метар квадратен да си ги откупат и дворните места, да можат после тоа да имаат не само легализирана куќа, туку и свој двор, да можат доколку во иднина сакаат да ја срушат старата куќа, да изградат нова, да ја доградат, да ја надградат или да ја продадат, да ја дадат под залог за да има поголема вредност да земат кредит“, истакна Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во средното училиште “Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.
Со оваа одлука, тој посочи дека го комплетираат прашањето на сопственоста на имотите во целост, по мерките за денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи, легализацијата на дивите градби и дворовите за едно евро по метар квадратен.
-Значи некој има изградено дива градба на државно земјиште и сега ја легализира дивата градба, но земјиштето се уште не е негово. Тоа е државно, а тој треба да плаќа или закуп или да гарди нелегално ако сака да догради или ако е стара куќа сака да ја сруши да изгради нова или да ја надгради, тој не може бидејќи секое поместување ќе значи нова дивоградба за која тој штотуку се ослободил. Затоа одлучивме и земјиштето кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, секој граѓанин да може да го легализира за едно евро по метар квадратен“, додаде премиерот Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СЛУЧАЈ: Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово

НОВ СЛУЧАЈ: Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово

ОСМАНИ: Законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години

ОСМАНИ: Законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години

СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

СЛАВЕСКИ: Jа прочитав „убавата вест” дека дошло време во градот Струга да се образуваат лекари

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина

Холандскиот турист бил каснат од отровната змија додека ја разгледувал Самоиловата тврдина

„ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ НЕ НАПРАВИ ВЛАДА, ПОЧНА ДА ГИ ЛАЖЕ ГРАЃАНИТЕ“: Битиќи за зголемениот број министерства

„ВМРО-ДПМНЕ УШТЕ НЕ НАПРАВИ ВЛАДА, ПОЧНА ДА ГИ ЛАЖЕ ГРАЃАНИТЕ“: Битиќи за зголемениот број министерства

Кадарот на Мерко, Јетон Шаќири,му даде дозвола на Мерко за медицински факултет во Струга

Кадарот на Мерко, Јетон Шаќири,му даде дозвола на Мерко за медицински факултет во Струга

„АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ РАЗГОВАРА СО ГРЦИЈА, ТОГАШ НЕМА ДОБРИ НАМЕРИ“: Маричиќ вели Грција е помоќна од Бугарија, може да ни направи штета

„АКО ВМРО-ДПМНЕ НЕ РАЗГОВАРА СО ГРЦИЈА, ТОГАШ НЕМА ДОБРИ НАМЕРИ“: Маричиќ вели Грција е помоќна од Бугарија, може да ни направи штета

„НАУЧНИЦИТЕ ПРЕСМЕТАЛЕ ДЕКА КАСНУВАЊЕ ОД 1.200.000 КОМАРЦИ ОДЕДНАШ МОЖЕ ДА ВИ ЈА ИСЦИЦААТ КРВТА, ВО ПРАКСА ДОВОЛНА Е ЕДНА - ТУКА ГИ ИМАМЕ ДВЕТЕ“: Д-р Беќаровски со шега

„НАУЧНИЦИТЕ ПРЕСМЕТАЛЕ ДЕКА КАСНУВАЊЕ ОД 1.200.000 КОМАРЦИ ОДЕДНАШ МОЖЕ ДА ВИ ЈА ИСЦИЦААТ КРВТА, ВО ПРАКСА ДОВОЛНА Е ЕДНА - ТУКА ГИ ИМАМЕ ДВЕТЕ“: Д-р Беќаровски со шега

„ВМРО-ДПМНЕ ДЕ ФАКТО ГО ПРИФАТИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, А СЕГА МАЛКУ ГЛУМАТ“: Спасовски очекува власта да ги поништи договорите со соседите

„ВМРО-ДПМНЕ ДЕ ФАКТО ГО ПРИФАТИ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, А СЕГА МАЛКУ ГЛУМАТ“: Спасовски очекува власта да ги поништи договорите со соседите