Ех, тие Швајцарци...почнаа и воздух од Алпите да продаваат!
Објавено во: Свет 22 Септември, 2017
Швајцарски стартап флаширал воздух од Швајцарија и како таков го продава на жителите на многу загадени градови како оние во Кина и Индија.
Според податоци на компанијата, воздухот се собира од разни локации ширум швајцарските Алпи и се компресува во аеросолна конзерва. Доаѓа заедно со прицврстена маска за помош при дишење.
Конзервите на воздухот чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу десет минути користење.
„Овој производ е за население кое секојдневно „ужива“ со страшно загадување, загадување кое може да ги скрати животите и да предизвика тешки здравствени проблеми. Швајцарскиот воздух не е решение на нивните проблеми, но тоа е убаво што можете да дишете чист, свеж воздух дури и на кратко“, рекол извршниот директор на компанијата Дени Вур.
Директорот на компанијата Дени Вур вели дека очекува неговата компанија да стане „главен играч на новиот пазар на воздух“.
Вели и дека првата испорака веќе е направена. Исто така рекол и дека компанијата бара инвеститори како би го продолжиле и олесниле растот.