03 Мај, 2024
0.0276

Ексклузивно: Субрата Рој стана нов газда на хотелот Славија во Охрид!

Објавено во: Економија 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Индискиот бизнисмен Субрата Рој го купи хотелот Славија во Охрид, неофицијално дознава Фактор. Досегашниот сопственик на Славија, охридскиот бизнисмен Владо Рувинов вчера попладне го потпишал купопродажниот договор со Рој. Катерина Попоска Индискиот мултимилијардер Субрата Рој не случајно вчера слета во Охрид на аеродромот Св. Апостол Павле, наместо во Скопје. Откако по две одложувања на неговото слетување поради густа магла во Индија, Рој пристигна во Охрид со 20-члена делегација, тој и неговите домаќини, министерот за финансии Зоран Ставрески и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, веднаш се упатија кон хотелот Славија. Целта-Субрата Рој да го потпише купопродажниот договор за охридскиот хотел Славија, дознава Фактор. Дека индиската компанија Сахара Индија Паривар на чело со Субрата Рој ја купи Славија, за Фактор потврди досегашниот сопственик Владо Рувинов. Износот на зделката за сега никој јавно не сака да го обелодени, бил деловна тајна, но Фактор дознава дека станува збор за сума нешто помала од 5 милиони евра. “Точно, индискиот бизнисмен Субрата Рој стана сопственик на хотелот Славија. Можам да кажам дека четиримесечните последни преговори вродија со плод. Субрата Рој дефинитивно го купи хотелот со најубава локација на Охридското крајбрежје. Сакам да искажам огромна благодарност до премиерот Груевски, до министерот Ставрески и до директорот Мизо за се што до сега направија, што во земјава донесоа сериознен инвеститор како Субрата Рој. Со ова, но и со реализацијата на грандиозниот проект на Субрата Рој во Љубаништа мислам дека ќе се прероди и Охрид и Македонија“, изјави за Фактор Рувинов. Рој го купи хотелот Славија каде што ќе се сместат архитектите и сите инженери кои веќе за половина месец треба да дојдат во Охрид за да ги почнат подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“. Индискиот биснисмен ќе ја посети локацијата во Љубаниште со површина од околу 240 хектари, каде што треба да се изгради специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високо ниво, спа центар, вили кои ќе можат да се купат, хотели, конференциски сали, шопинг центри... Како што неодамна во интервју за Фактор објави Мизо, Субрата Рој планира да воведе и неколку оргинални и ексклузивни содржини односно објекти кои ќе ги има само на Охридското езеро и никаде на друго место во светот. Рој заинтересиран и за македонското вино! Охрид нема да биде единственото место во Македонија кое индиската делегација ќе го посети овие два дена. “ Посетата на делегацијата од Индија, предводена од Субрата Рој овој пат ќе се сведе главно на Западниот дел од Македонија, на потегот од Охрид, преку Преспа кон Скопје. Субрата Рој дојде во Македонија со лични пријатели од Индија и Америка кои се сопственици на хотели ширум светот, кои исто така ќе се запознаат со инвестициските множности кои ги нуди Македонија. Покрај за инвестиции во хотелиерството и во туризмот, Рој се интересира и за вложувања во земјоделството, винскиот туризам како и за изградба на споменик на Мајка Терза во Скопје“, изјави за Фактор Мизо. Според досегашните информации, спомен-обележјето за Мајка Тереза ќе се гради на плоштадот „Македонија“. Висината на објектот треба да биде 32 метри, но во план се и соседни градби. Според општина Центар се работи за концепт со кој нема да се наруши репрезентативноста на објектите во непосредна близина. Плановите за претстојните инвестиции индискиот бизнисмен ќе ги соопшти на прес-конференција. Инаку, Субрата Рој доаѓа  во Македонија по трет пат.  

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски