24 Ноември, 2024
0.0260

ЕКСКЛУЗИВНО: Судијата Туфегиќ поднесе иницијатива за поништување на огласот за избор на претседател на Кривичен суд!

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Судијата Владимир Туфегџиќ до Судскиот совет поднел предлог-иницијатива за поништување на огласот за избор на претседател на Кривичниот суд , дознава  Фактор.

Според нашите сознанија, причината за ваквиот потег на кандидатот за претседател на Основен судСкопје 1,Скопје е повреда на принципот на еднаквост и рамноправност при избор на судии и претседатели на судови и нивно доведување во нерамноправна положба во однос на веќе избраните судии и претседатели на судови во втората половина на 2016 година.

Во иницијативата се наведува дека вонредно оценување на судии и претседатели на судови не било спроведено за избор на претседатели на судови и тоа, Основен суд Кратово, Основен суд Виница и Апелационен суд Гостивар во втората половина на 2016 година како и при избор на судии во Апелационите судови Скопје, Гостивар, Битола и Штип како и за избраните судии на Врховниот суд.

Туфегџиќ за Фактор потврди дека до Судскиот совет доставил барање за поништување на одлуката за избор на претседател на Крвичниот суд, додавајќи дека ако претседателот Караџоски не закаже седница на која ќе се расправа по неговата предлог-иницијатива и не донесе одлука со која огласот за избор на претседатели на судови се поништи, тој ќе ја повлече кандидатура.

„Ќе се повлечам од принципиелни причини бидејќи е нарушен принципот на еднаквост и рамноправност и сум доведен во нерамноправна положба со избраните кандидати за судии и претседатели на судови во втората половина на 2016 година за кои не е спроведена постапка за вонредно оценување. Барам од Судскиот совет да ги преиспитаат досегашните утврдени општи и посебни услови кои треба да ги исполнува кандидат за избор на судија и претседател на суд. Барам да се утврдат посебни услови за избор на претседател на суд и при тоа како посебен услов да се цени авторитетот и кредибилитетот на кандидатот во судот каде што конкурира, оценет од мнозинството судии и судски службеници, имајќи предвид дека при избор на судија во повисок суд задолжително се прибавува мислење од колегиумот на судии и со тајно гласање, оценка даваат судските службеници. Доколку ова правило важи при избор на судија во повисок суд нормално е да биде посебен услов при избор на претседател на суд“, вели  за Фактор судијата Туфегџиќ.

Од Судскиот совет не успеавме да добиеме одговор дали и кога ќе биде ставена на дневен ред предлог-иницијативата на судијата Туфегџиќ бидејќи претседателот Караџоски не се јавуваше на неговиот телефон.

Претседатели на судовите и судиите се избрани во втората половина на 2016 година односно по истекот на повеќе од шест месеци на тековната година. Претседателите на судовите се избрани на 12.07.2016 година, а судиите во апелационите судови и Врховниот суд се избрани на 05.09.2016 година. Изборите кои се спроведени во втората половина на 2016 година се објавени на веб страна на Судскиот совет.

Доколку како кандидат за претседател се кандидира актуелниот претседател на суд Владимир Панчевски  тогаш тој треба да се оценува за неговото севкупно работење во неговиот мандат, а не за една или две години наназад и притоа да биде оценет и од колегиумот на судиите и судските службеници“, порачува  Туфегџиќ.

Тој останува на неодамна изнесениот став во интервјуто за Фактор дека во наредниот период ВД претседателот треба да ги консолидира односите во судот.

Согласно процедурите, претседателот  на Кривичниот суд треба да се избере на 4 декември, но поради изборниот период тој веројатно ќе се бира на крајот на оваа или почетокот на 2017 година. Владимир Туфегчиќ прв пат се кандидираше за претседател на суд во 2011 година и тоа како претседател на повисокиот, Апелациски суд, меѓутоа тогаш не ја доби поддршката.

Горазд ЧОМОВСКИ

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа