26 Април, 2024
0.0307

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) Кој домашен функционер се провозуваше со мерцедесот од 600 илјади евра?

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Пред два дена јавноста и медиумите и официјално ја имаа честа да го ѕирнат, да го допрат и да се „запознаат“ со фамозниот мерцедес од 600 000 евра кој сакал или не, на крај, екс премиерот Никола Груевски призна дека го купил, но не како што се тврдеше за тој да се вози во него, туку за странски гости.

Очигледно тој што бараше луксузен автомобил со климатизер на секое седиште, масажери, сараунди, и телевизори, не претпоставувал дека можеби еден ден истиот тој фантазиски автомобил ќе заврши во некоја гаража со мачкини стапки врз него, запуштен и неодржуван.

При прикажувањето пред јавноста, министерот Спасовски  рече дека Мерцедесот неколкупати возел на релација Пробиштип-Скопје, но не сакаше да открие дали бил користен од доскорешниот технички премиер Емил Димитриев или, пак, од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Најмногу што боли е тоа што полицајците во Република Македонија немаат униформи, немаат возила да ги извршуваат своите работи, меѓутоа ова министерство имаше храброст да купи возило од 600 илјади евра за тогашниот нивен премиер, Никола Груевски, по специјална нарачка - со сараунд систем, клима, монитори на задните седишта итн“, изјави Спасовски.

И додека Груевски тврдеше дека мерцедедесот ќе вози само странски гости во земјава, во видеото кое директно и е пратено на нашата редакција, се гледа дека мерцедесот се вози по новиот автопат Велес - Свети Николе, а споредувајќи ги табличките, заклучивме дека регистрациите од мерцедесот кој што го покажа министерот Оливер Спасовски се поклопуваат со оние од видеото кое ќе го видите подолу.


Прашањето сега е: Кој се возеше во мерцедесот на 24 март по автопатот кај Лозово?

Наши претпоставки се дека во мерцедесот тогаш се возел техничкиот премиер Емил Димитриев, кој речиси секој ден патуваше на релација Пробиштип-Скопје и обратно (Димитриев живее во Прибиштип) пропратен со две полициски возила, а ако се земат предвид последните изјави на министерот за внатрешни работи дека мерцедесот е возен на таа релација, и пишувањата на медиумите дека блиндираниот мерцедес често се користи и во „случаи кога поради амортизираност и застареност на блиндираните возила со кои се превезуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот“ не можат да одговорат на безбедносните стандарди и  Уредбата за обезбедување на личности и објекти, тогаш нашите претпоставувања се веројатно точни.

Во февруари годинава за агенцијата Мета од МВР рекоа дека Блиндираниот мерцедес се наоѓа во Владата и се користи како „главно возило за високи гости на странски делегации“, а месец подоцна е направено видеото погоре.

“Блиндираниот мерцедес се користи како главно возило за високи гости-странски делегации при нивна посета на Република Македонија, а кои се обезбедуваат со прв, втор и трет степен безбедносни мерки (претседатели на држави, премиери на влади, заменици-претседатели, заменици-претседатели на влади и други)“стои во одговорот на МВР на прашањата на Мета дали возилото се користи, кој го користи и каде се наоѓа?

Од МВР рекле дека мерцедесот често се користи и „во случаи кога поради амортизираност и застареност на блиндираните возила со кои се превезуваат претседателот на државата, претседателот на Собранието и премиерот“ не можат да одговорат на безбедносните стандарди и Уредбата за обезбедување на личности и објекти.

ВМРО ДПМНЕ реагираше на обвинувањата на министерот Спасовски

Во долго писмено соопштение опозициската партија наведе кои странски делегати се провозеле во Мерцедесот и го обвини Социјалдемократскиот сојуз за неговата негрижа бидејќи ова министерство речиси една година не е раководено од ВМРО-ДПМНЕ. 

Возилото кое засега, според најавите на премиерот Заев нема да се продаде, и ќе остане да вози високи странски делегации ќе биде симбол на едно време, кога функционери од една власт се луксузираа додека стотици мали Тамари чекаа финансиски средства за лекување во странство и кога полициски службеници немаат основни средства за работа.

Во јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.

Во 31. „бомба“што СДСМ ја објави на 13 мај 2015 година, а врз основа на која СЈО ја отвори истрагата, за набавката на „мерцедесот“ зборуваат тогашниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

И.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“