19 Декември, 2025
0.0373

ЕЛЕМ – Ова се новите членови на Управен и Надзорен одбор

Објавено во: Економија 10 Август, 2017 11:48

Добивај вести на Viber

АД Електрани на Македонија и официјално доби целосно ново раководство откако за генерален директор и претседател на Управен одбор е избран Драган Миновски кој доаѓа на местото на Христијан Мицкоски кој од неодамна е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Надзорниот одбор покрај Миновски ќе бидат дел и членовите Благојче Трповски, Ѓорги Михаилов, Иван Трпески и Марјанчо Николов.

Благојче Трповски ќе ја врши функцијата директор за производство на електрична енергија. Ѓорги Михаилов е назначен за директор за правни и општи работи, Иван Трпески ќе биде директор за развој и инвестиции, додека пак Марјанчо Николов е директор за комерцијални работи.

Во Управниот одбор на АД ЕЛЕМ повеќе не се членови Гордана Димитриеска-Кочоска, Иван Куковски, Александар Пауновски, Фатмир Лимани и Анита Стаменова.

Исто така одбрани се и нови членови на Надзорниот одбор кој ќе го сочинуваат членовите Златко Перевски, Верица Узунова, Ѓоко Ташев и Сашо Додовски.

Разрешени од НО на АД ЕЛЕМ се Сефедин Халили, Ристе Ачкоски, Донка Марковска и Данчо Коевски.

Измените се потврдени и со уписот во Централниот регистар на Република Македонија.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии