24 Ноември, 2024
0.0294

Ема Ананиевска: Лицата со оштетен вид оставени на маргините, почитувајте ги различностите затоа што сите сме различни на свој начин

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

“Јас сум обична девојка како и сите други . Сум се соочила и сеуште се соочувам со многу проблеми само поради фактот дека не гледам. Моето образование како редовното така и музичкото,  беше многу отежнато бидејќи немав никаква литература на Брајово писмо. Поради тоа јас на часови морав многу да внимавам и да памтам што е можно повеќе за кога ќе се вратам дома да пишувам се што се работело на Брајово писмо. Попладне чекав моите родители да се вратат од работа за да можам да седнам да учам и да пишувам домашна задача. Моето учење изгледаше вака, мајка ми ми ги читаше лекциите на диктафон за потоа јас со слушање да учам. Домашните задачи ги пишував така што мајка ми и татко ми ми читаа прашања и јас на брајовата машина одговарав, за на крај тие да го преведуваат на видно писмо тоа што сум го напишала, за да може наставниците да ми ја прегледаат домашната работа. За сето ова беше потребно многу повеќе време од колку да ја имав литературата достапна на Брајово писмо. Лектирите исто така морав да чекам некој од семејството да може да ми ги чита. Во однос на читањето на нотите е уште покомплицирано бидејќи зависам од професорката која ми ги чита, за да го постигнам материјалот кој што е многу обемен, мораме да плаќаме дополнително професор по пијано”- раскажува за Фактор, 22 годишната Ема Ананиевска, апсолвент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Музиката вели е нејзината најголема љубов. Талентот кај неа од најрана возраст го препознале нејзните родители кои се нејзина најголема поддршка, а потоа и професорите.

“Во музичко училиште се запишав во второ одделение на осум годишна возраст. Моите родите почувствувале дека имам талент за музика и решиле да ме запишат во нижо музичко да видат како ќе се снајдам. Со тек на време јас сватив дека музиката е моја животна определба и продолжив понатаму.За тоа е секако заслужна и мојата професорка по клавир Маја Поповиќ која несебично даде се од себе за да можам да напредувам рамо до рамо со сите други. Клавир свирам од девет годишна возраст до денес. Јас ја сакам музиката од мали нозе. Само со музика што мене ми се допаѓа моите како мала можеле да ме смират бидејќи сум била немирно бебе. Талентот е секако важен но џабе е ако не се вложи многу труд. Кога сум на сцена секогаш имам трема се до моментот додека не почнам да свирам. Тогаш целосно се внесувам во интерпретацијата и ја чувствувам позитивната енергија на публиката. Кога ќе завршам аплаузот ми ги кажува нивните емоции. Сум имала и негативни искуства но тие ме направија посилна личност” –додава Ема.

Денеска е меѓународниот ден на белиот стап. Ема вели дека овој ден е значаен за лицата со оштетен вид но смета дека на оваа тема треба секојдневно да се зборува и напорно да се работи, а не само декларативно  да се спомене. Лицата со оштетен вид како што вели се соочуваат со многу проблеми во секојдневието поради што не можат нормално да функционираат, немаат услови да се образуваат во струки за кои имаат желба и потенцијал, не можат слободно да се движат, неосновано се дискриминирани.

“Поддршка и внимание за лицата со оштетен вид има само декларативно, колку да се каже дека нешто се прави. Во мојот живот ако чекав поддршка од надлежните институции, без да бидам погрешно разбрана, немаше да го правиме овој разговор. Единствена несебична поддршка во мојот живот до сега ја имам од моите родители, мојата сестра која ми е најголемиот идол во животот, моите другари и пријатели и добар дел од моите професори. Тука морам да ја споменам и Оле –мојата втора мајкаи нејзиното семејство која ме чува од 11 месеци и ден денес е со мене секаде каде што треба, а јас сум нивен неизоставен дел на семејството. Што се однесува до поддршката од политичарите ќе оставам сами да заклучите. Јас скоро 23 години чекам да ни се овозможат елементарните права и услови за самостоен живот. Треба да се направи многу, да се овозможат услови за редовно  образование, вработувањето е многу тешко, скоро и невозможно, а интеграција имаме само на хартија. Се на се ги немаат условите за самостоен живот како луѓето со типичен развој”- нагласува Ема Ананиевска.

Досега преку музиката вели пропатувала низ повеќе земји. Искуството е незаборавно но и констатацијата дека кај нив се вложува многу повеќе за целосна интеграција и поддршка на лицата со оштетен вид. Оттука од големо значење е државата да направи сериозни чекори за да обезбеди целосен пристап до образовните, културните, економските и општествените потенцијали за овие лица.

“Јас Македонија ја сакам, тука се сите мои луѓе кои ми значат во животот. Но сум имала можност да просетам низ повеќе поразвиени земји и сум видела во колку подобри услови живеат луѓето како мене. Сакам да си одам за да се наддоградам себе како личност, да доживеам нови искустваи предизвици, а што ќе се случи понатаму не можам да знам. Сега за сега планирам да дипломирам и да ги запишам магистерските студии”- потенцира Ема.

Успешна млада личност,срдечна, ведра  и  едноставна преку овој разговор уште еднаш упати порака до сите граѓани- “Почитувајте ги различностите затоа што сите сме различни на свој начин!

С.Б. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

ЗАВРШИ КОНГРЕСОТ НА СДСМ: Oва се новите членови на Централниот одбор

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

СДСМ ИМА НОВ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛ: На оваа партиска функција доаѓа Фани Каранфилова Пановска

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

НОВИ 100 ДО 120 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ: Мицкоски кажа кога можеме да ги очекуваме на улиците

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Меџити нема никаков придонес за градот да добие 6 автобуси

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа

ПОЖАР ВО СТРУМИЦА: Изгоре покрив и кат од куќа