Фактор открива: Колкави се платите на директорите во НЛБ Банка Скопје?
Објавено во: Анализа 07 Јуни, 2017
Првиот човек на НЛБ Банка Скопје има годишна бруто плата од 100.000 евра за лани и бонус од 20.900 евра бруто, вториот директор има 92.360 евра бруто плата, а за третиот член на управниот одбор лани банката исплатила бруто плата од 74.000. Оваа менаџерска тројка лани ја однесе банката до добивка од 25,6 милиони евра
НЛБ Банка Скопје е првата голема домашна деловна банка што ги објави платите на своите членови на Управниот одбор и тоа е чекор за поздравување затоа што е реткост и покрај законската обврска на компаниите според Законот за трговски друштва. Првиот директор на банката Антонио Аргир, кој како претседател на Управниот одбор лани го замени Ѓорги Јанчевски, има бруто годишна плата од 100.000 евра. Банката на Аргир му исплатила и бонус за добро работење од речиси 21.000 евра, осигурување и други права во износ од околу 5.000 евра. Под водство на Аргир оваа банка годината ја заврши со рекордна добивка досега во износ од 25,6 милиони евра. Воедно годинава банката исплаќа и највисока дивиденда досега од 890 денари нето на своите акционери од добивката остварена во 2016 година.
НЛБ Банка Скопје има релативно воедначена политика за плати и наградување на членовите на трочлениот управен одбор. Вториот директор Љубе Раевски лани имал бруто плата од 5,7 милиони денари, бонус во бруто износ од речиси 30.000 евра, 11.000 евра му биле исплатени за други права и и уште 600 евра банката платила за осигурување. Третиот член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје Дамир Кудер лани имал бруто плата во износ од 4,56 милиони денари (околу 75.000 евра), бруто бонус од 23.000 евра и други права и осигурување во бруто износ од околу 19.200 евра.
Вкупно за тројцата членови на Управниот одбор лани, банката лани издвоила околу 380.000 евра. Под водство на оваа тројка банката лани стигна до рекордна добивка од 25,6 милиони евра.
Овие податоци се содржани во Годишниот извештај за работењето на банката усвоени од акционерите на мајското собрание, а за целосните податоци во денари може да прочитате во цитираниот извадок од извештајот:
„1. Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор, по основ на: бруто плата во износ од 6.172.785 МКД, бонус во бруто износ од 1.289.139 МКД, осигурување во износ од 26.694 МКД и други права во износ од 285.016 МКД; 2. Љубе Рајевски, Член на Управен одбор, по основ на: бруто плата во износ од 5.698.874 МКД, бонус во бруто износ од 1.709.364 МКД, осигурување во износ од 37.637 МКД и други права во износ од 671.338 МКД; 3. Дамир Кудер, Член на Управен одбор, по основ на: бруто плата во износ од 4.562.278 МКД, бонус во бруто износ од 1.426.809 МКД, осигурување во износ од 37.637 МКД и други права во износ од 1.145.442 МКД.“
Кои се кор обврски на тројцата членови на Управниот одбор?
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.