19 Декември, 2025
0.0700

ФЕНИ ќе биде пуштен во погон

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2018 10:10

Добивај вести на Viber

Комбинатот за фероникел од Кавадарци по одлуката на Одборот на доверители ќе биде пуштен во погон со што ќе продолжи производството и работниците повторно ќе бидат ангажирани. Оваа одлука како што велат од Одборот на доверители сега е најдоброто решение за да не дојде до пропаѓање на производствените капацитети на ФЕНИ додека трае стечајната постапка.

Одборот на доверители на седницата одржана на 30.01.2018 година, донесе одлука за склучување договор за преработка на никелова руда на Фени Индустри АД Кавадарци со единствениот понудувач друштвото GSOL, за минимален месечен надомест од 1.200.000 ЕУР. Одлуката е едногласно донесена од сите членови на Одборот на доверители. При донесување на оваа одлука, се водеше сметка за заштита на интересите на доверителите и на вработените во комбинатот согласно Законот за стечај. Ова посебно се однесува на потребата производствените капацитети кои се во сопственост на стечајниот должник и кои влегуваат во стечајната маса, да бидат заштитени од понатамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност. Нивно ставање во целосна функција ќе создаде услови доверителите да ги наплатат своите побарувања во повисок процент, што е и основната цел на колективното намирување на доверителите во стечајната постапка. Склучувањето на договорот е од исклучителна важност и за вработените кои ќе бидат работно ангажирани, но воедно ќе се спречи (или избегне) дополнително оптоварување на стечајната маса со трошоци на постапка“ соопштија од Одборот на доверители. 

На оваа одлука се противеше Ѓоре Палитов, синдикалниот лидер на работниците на ФЕНИ според кој смета дека краткоречен закуп на фабриката е опасен потег. 

„Вработените на „Фени“ не се за издавање на нивната фабрика под наем, затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа“ тврдеше Палитов и побара стечајната постапка што побрзо да заврши.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии