Филип Темелковски најави гасификација на Кисела Вода
Објавено во: Македонија 28 Септември, 2017
Филип Темелковски, кандидат за Градоначалник на Кисела Вода од СДСМ ги презентираше проектите од програма за Локален економски развој и економска промоција на капацитетите на Општината Кисела Вода.
Во програмата клучен сегмент од економската промоција завзема гасификацијата. Со гасификацијата на Општина Кисела Вода сите потенцијални инвеститори и домашни и странски ќе добијат ефтин енергенс.
„Соодветно планираме да ја подобриме патната инфраструктура. Со добра патна инфраструктура ќе бидеме атрактивна општина за нашите инвеститори. Под локалниот економски развој планираме и доедукација на потребен кадар кој е дефецитарен во нашата општина, преку месните и урбаните заедници. На крај би сакал да говарам малку и за младинската невработеност. Кисела Вода има огромна младинска невработеност. Како нова локална власт ќе го превземеме проектот од централно ниво за младинската гаранција, каде што секој млад човек по неговото завршување на образование ќе има неколку можности. Тие се Општината ќе помага за отварање на нови бизниси и поддршка на бизнис идеи и проекти“ - вели Темелковски.
Планира и пронаоѓање на соодветна работа според образованието на младите и доедукација на младите за полесен и поконкурентен настап на пазарот на трудот.