24 Септември, 2017
0.3456
    ALK 7297.6    -0.03%     GRNT 870    -0.99%     KMB 2883.3    -1.59%     KPSS 485    -2.81%     KVAS 10670    -3%     MPT 30201    -2.58%     MTUR 4700    2.17%     OKTA 3300    10%     PKB 14500    0.07%     RZUS 120    -1.64%     SBT 2219.26    -0.89%     STB 938.54    -1.78%     STIL 134    3.08%     TEL 279    -0.49%     TNB 13300    0.4%     TPLF 1601    -0.32%     TTK 776    -3%

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА ВО КАРФУР: Дали во случајот има и кривично дело?

Објавено во: Економија 10 Февруари, 2016

Управата за финансиска полиција отвори предистражна постапка за хипермаркетот „Карфур”. Од Управата за Фактор посочија дека  се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и ќе се утврдува дали сопствениците на хипермаркетот сториле кривично дело. - Отворена е предистражна постапка и по предметот се постапува. Се испитуваат сите наводи изнесени во медиумите и сите фирми кои се доведуваат во врска со работењето на споменатиот ланец маркети. По завршување на постаката јавноста ќе биде информирана дали се утврдени евентуално елементи на сторени кривични дела од сопствениците или управителите на фирмите кои оперирале во Македонија, велат за Фактор од Управата за финансиска полиција. Од Управата за јавни приходи за Фактор посочија дека го следат и контролираат даночното работење на сите субјекти (даночни обврзници) во рамките на своите надлежностите, вклучувајќи го и посочениот субјект, но детали и информации не смеат да откриваат. -Документите, информациите, податоците или други факти поврзани со даночната постапка кај одреден даночен обврзник имаат третман на даночна тајна согласно член 9 од Законот за даночна постапка и според тоа не можат да бидат предмет предмет на комуникација со јавноста и медиумите, велат од УЈП. Грчките газди основале нова фирма во Скопје кога хипермаркетот книжел загуби Сопственик на маркетот кој работи во Скопје  е грчката компанија.Во перидот кога Карфур остана со речиси празни полици, се отвора нова фирма. И во двете фирми во Скопје, што ги отворила грчката компанија, како управител се јавува истото лице. Грчката компанија ЦМБ Балканс Б.М на крајот на 2011 година отвора фирма во Скопје под назив ЦМБ Балканс, која го поседува супермаркетот  Карфур. Како управители се јавуваат Леонидас Маринопулос и Георгиос Вогиатзакис.Истата грчката компанијата ЦМ Балканс Б.В на 28, септември 2015 отвора нова фирма во Скопје, под името ЦМБ Сервицес. И таму како управител се јавува лицето Георгиос Вогиатзакис.Новата фирма се отвора токму во времето кога наголемо почна да се зборува за затворање на супермаркетот Карфур.Останува нејасно е зошто токму во периодот кога беше повеќе од јасно дека хипермаркетот се соочува со финансиски проблеми и е пред затворање, раководството отвора нова фирма.  Според податоците на Фактор, Карфур последните неколку години прикажувал загуби. Односно, во 2014 загубата била еден милион евра, а во 2013 година загубата била два милиони евра. Долг од 10 милиони евра, случајот Карфур се сели на суд Добавувачите најавуваат дека своите пораувања од Карфур ќе си ги наплата по судски пат, затоа што во деловните релации не се користел инструментот “Задолжница“, како еден вид гаранција за наплата на побарувањата. Од Стопанската Комората на Северозападна Македонија велат дека кај нив секојдневно стасуваат податоци од фирми кои пријавуваат побарувања. -Досега успевме да воспоставиме контакт со десеттина поголеми фирми кои пријавија значителни побарувања од “Карфур“. Најголем дел од компаниите се од прехранбената индустрија, како на пример снабдување на млеччни и месни производи. Секојдневно пристигнуваат пријави за нови долгови. Не само големи фирми, во оваа должничка афера заглавија и помали компании и за нив ова ќе биде сериозен финансиски удар“, вели Фатмир Бутиќи од Комората на северозападна Македонија. Вкупниот долг на “Карфур“ кон добавувачите се проценува на 10 милиони евра. По затворањето на Карфур во Скопје, клуч на врата стави и маркетот под истиот бренд во Тетово, кој беше отворен во 2014 година.Вработените од двата маркети сега се отпуштени и си ги бараат заостанатите две плати. Големите ланци маркети во битка за просторот на „Карфур Неофицијално според информации на Фактор, за просторот на „Карфур” се заинтересирани двата најголеми синџири на супермаркети во земјава, "Веро" и "Рамстор". Од "Веро" потврдуваат дека се преговори, но дека конечната одлука за тоа кој ќе го добие просторот на Карфур во скопски Сити мол, зависи од раководството на трговскиот ценатар. Од Рамстор пак нема официјална потврда. Хипермаркетот „Карфур“, беше отворен пред три и пол години заедно со отворањето на трговскиот центар „Сити мол“. Се простираше на површина од 4.650 квадратни метри и беше еден од најголемите во земјата. Т.С

Можеби ќе ве интересира

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

Груевски: Македонија треба да се претвори во нето извозник на електрична енергија

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

ВМРО-ДПМНЕ ветува работа за сите и невработеност под 10%

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

ПОТОП НА БЕРЗИТЕ: Препукувањата на Трамп и Ким реагираа на индексите

Август бележи раст на побарувачката за кредити

Август бележи раст на побарувачката за кредити

До кога “Макпетрол“ и КХВ ќе се препукуваат со „шифри“?

До кога “Макпетрол“ и КХВ ќе се препукуваат со „шифри“?

Медведев: САД сака да го закопа рускиот гасовод за свој бенефит

Медведев: САД сака да го закопа рускиот гасовод за свој бенефит

Го нарече биткоинот измама па тргуваше со него

Го нарече биткоинот измама па тргуваше со него

РАБОТЕН СТАЖ ВО ЕУ: Колку во просек работат граѓаните во земјите членки на ЕУ?

РАБОТЕН СТАЖ ВО ЕУ: Колку во просек работат граѓаните во земјите членки на ЕУ?