26 Април, 2024
0.0384

Фирма на семејството Мукоски „растура“ на државни тендери, има ли спрега со политиката?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Фирмата Атриум од Вевчани, сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски, во изминатите неколку години од државата добила договори вредни повеќе од 4,3 милиони евра. Тендери добивала од министерства, државни претпријатија и општини. Па така, во периодот од 2013 година па досега склучени се договори со Министерството за образование, со Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, како и со општините Илинден и Гевгелија.

Од изградба на училишта, преку промена на покриви и тековно оддржување на објекти па се до молерофарбарски, парногреачки работи, како и работи за водовод –канализација и санитарија.  

Само со Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Атриум склучила договори во износ од 3,8 милиони евра. Последниот договор е склучен во јануари годинава, на износ од 1 милион евра за градежни работи на објекти во Струмица, во јуни минатата година склучен е договор за работи во Штип во износ од 630 илјади евра.  Во август 2015 година склучен е договор од 1 милион евра за градежни работи во Кочани, а следната година направен е и анекс на тој договор поради непредвидени работи, па сумата се зголемила за уште 45.000 евра.  Во 2014 година Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, има склучено уште два договори со Атриум од Вевчани, едниот на износ од близу 600 илјади евра, другиот на износ од 115 илјади евра. А договор вреден 430 илјади евра, со Атриум е склучен и во 2013 година.

Фирмата на братот на Мукоски градела и училишта

Според објавените договори, фирмата Атриум, градела и основни и средни училишта. Договор за оваа зделка е склучен со Министерството за образование. Сумата која што ја добила од овој договор изнесува 240 илјади евра.

Но, соработка имало и со општините. Па така со општина Илинден, Атриум од Вевчани склучила договор за изградба на објект дом на култура ,,Марино,,. Објектот требало да чини 163 илјади евра, и е склучен во април минатата година, а само неколку месеци подоцна излегле непредвидени работи, поради што се направил анекс на договорот за уште 25.600 евра.  

Со општина Гевгелија, пак склучен е договор за замена на кров на детска градинка “Детска радост“ и тоа во вредност од 72.000 евра.  

Фирмата на братот на пратеникот Мукоски, кој е посочен дека ги отвораше вратите во Собрание за демонстрантите да влезат на „крвавиот четврток“, стана особено интересна откако генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски објави дека за молерисување на градскиот стадион,  склучен е договор за варосување на помошни простории во „Телеком арената“ за 10 евра од квадрат, пред одржувањето на Супер Купот во Скопје.

Сопственикот на фирмата „Атриум“ од Вевчани, Бобан Мукоски ги демантира тврдењата на генералниот секретар на владата, Драги Рашкоски. Мукоски тврди дека цената била 180 денари за метар квадратен во што било вклучено чистење, подготовка, бојадисување, крпење на одредени оштетувања. Одржувањето на Супер Купот во Скопје сега ќе зависи и од тоа дали Владата ќе успее да ги отстрани забелешките за стадниот што ги имаат од  УЕФА.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра