(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВРЕДИ ДА СЕ ВИДИ: Најубавата плажа на Тасос
Објавено во: Балкан, Стил 28 Мај, 2016
„Psili Ammos Beach“ е една од најубавите плажи на Тасос.
Сместена е во јужниот дел на островот. Растојанието од Лименас е 45 километри и на 5км од Пото.
Тоа е лесно достапна плажа која нуди паркинг во маслиновите плантажи.
Плажа која е центар на атракција за многу млади луѓе, добро организирана со многу објекти. Морето е плитко со бел, фин песок за кој се вели дека има лекувачки капацитети.