26 Април, 2024
0.0255

(ФОТО-ИДЕЈА) Евтини и оригинални идеи за домот со палети

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ако сте вешти и имате идеја, може да создадете чуда за вашиот дом со само неколку палети. Ако ви се наоѓаат такви под рака, еве неколку идеи што да измајсторите од старите палети.

Спална соба или тросед од палети

Еден од најлесните проекти е да наредите една до друга неколку палети на подот и да ги фиксирате еден за друг со завртки, поврзувајќи штици или што и да ви текне. Дури нема потреба да ги обработувате палетите со боја, лак и слично. Природниот индустриски вид е добредојден. Врз така создадената рамка само треба да го стави душекот и превез - и имате дизајнерски кревет или софа.

Мебел за градината од палети

Сигурно не ви се трошат особено пари за маси, столици и друг мебел за градината, кои многу брзо ќе се расипуваат од климатските услови. Затоа опремете се со неколку парчиња стари палети, од кои може да си направите евтини, функционални и оригинални мебелни парчиња за дворот - маса, клупа, нишалка, сталажи за работен прибор , цвеќарник и што уште ќе ви текне.

Палети на ѕидовите

Старите палети се исто идеален обликувачки материјал за ѕидовите, ако сакате домот ви да добие дизајнерски лик. Може да ги обоите во саканата боја, а потоа да го поминете со шмиргла дел од бојата за да се создаде сестран ефект. Плус на ѕидовите од палети е што може да се користат за употреба на секакви работи и удобно е да се користат како полица.

Мал мебел од палети

Зошто да купувате помошни масички, ноќни шкафчиња, полици, закачалки, шкафчиња за чевли и голем број на друг мал мебел, кој лесно може да го изработите од палети. А и ќе се многу поефикасни од купечките.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти