(ФОТО) ВАЛКАНИ ИНЦИДЕНТИ ВО ЕК НА ИЗБОРНА КАМПАЊА: Нови искршени штабови
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2017
Во текот на ноќта во населбата Расадник-општина Бутел е скршен локалниот штаб на СДСМ Бутел.
„Непознати сторители, ги скршиле прозорците и влезната врата на седиштето, ги уништиле плакатите и ја оштетиле светлечката реклама. Полицијата моментално врши увид на местото на настанот“, соопштија од општинскиот одбор на СДСМ.
Ова е трет напад на партиски штаб во главниот град.
Медиумите јавија дека доцна синоќа биле искинати плакатите на кандидатот за градоначалник на СДСМ за општина Шуто Оризари, Курто Дудуш
Претходно измет беше фрлен на штабот на СДСМ во Аеродром а на опозициската ВМРО ДПМНЕ им беше искршено седишето во Кисела Вода.
Овие инциденти се случуваат во ек на изборна кампања.