Фото: Возел со „бесна“ глава на Трамп, сообраќајците го казниле
Објавено во: Свет 30 Септември, 2016
Сообраќајната полиција од Вашингтон објави слика од возач кој во специјалната лента која е наменета за возила со повеќе патници се обидел да направи измама дека наводно не е сам во возилото, односно се вози со „гневниот“ Трамп. Тој исекол дел од постер и го поставил на совозачкото седиште. За ова заработил казна од 135 долари, но не дека го „возел“ Трамп, туку дека го прекршил правилото за возење на автопатот без совозач во посебната лента.