(ФОТО) Знамето што се вееше на протестот „За заедничка Македонија“ заврши во ѓубре
Објавено во: Македонија 13 Април, 2017 08:51
Граѓанското здружение „За заедничка Македонија“ синоќа го организираше својот 45-ти протест во Скопје. Во почетокот на колоната беа велосипедисти со македонското знаме.
Тие тргнаа од плоштадот пред зградата на Владата и се упатија кон македонскиот парламент.
Пред преминувањето на толпата покрај канцеларијата на претседателот еден од организаторите Богдан Илиевски изјави: „За 45-ти пат се наоѓаме пред канцеларијата, која треба да е, и е должна да ја брани нашата политичка волја. Речиси 1 200 000 македонски граѓани на 11-ти декември учествуваа на изборите. Ниту еден од нив не е гласал за „Албанска платформа“. Поради оваа причина ние сме по улиците на земјата. По изборите се обидоа да ја фалсификуваат волјата на народот и да прифаќаат странски платформи создадени во странски држави и со нив да ни ја одредат иднината“, рече уште Илиевски.
По завршувањето на протестот на социјалните мрежи почнаа да се шират фотографии како искинати знаменца кои до пред неколку минути ги вееле нечии раце завршија во корпа за ѓубре.

Дали демонстрантите почнаа раце да ги болат од веење знамиња па свесни дека на следниот протест мора пак да дојдат тоа го фрлаат?
Протестите почнаа кон крајот на месец февруари. Тие се одржуваат секоја вечер после 17:00 часот во десетици градови на земјата. Поголеми протести има кога во Скопје пристигнуваат европски политичари, кои се обидуваат да посредуваат во преговорите за излез од политичката криза.
Поради одбивањето јавно да го осуди и да се огради од овој документ претседателот Ѓорге Иванов одбива да му врачи мандат за формирање влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз Зоран Заев, кој доби поддршка од албанските партии во новиот парламент. Народното собрание веќе 4-ти месец не може да почне со работа и да го избере својот претседател.
Можеби ќе ве интересира
Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски




