ФОТО+ВИДЕО: Насилни протести во Атина, Грците лути поради посетата на Обама
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2016 21:43
Насилни протести имаше денеска во Грција.
Судири избија меѓу полицијата и демонстрантите во Атина против посетата на американскиот претседател Барак Обама. Според дел од грчките медиуми, на протест излегле околу 3.000 луѓе. Тие се собрале пред американската амбасада, иако полицијата претходно тоа го забрани.
Демонстрантите, поддржувачи на левичарските партии и студентите се обидоа да го пробијат полициските огради.

Грчките власти поставија дополнително пет илјади полицајци за дводневната посета на американскиот претседател.
Кај левичарите во Грција постои антиамериканска традиција затоа што се лути на Америка за грчката воена диктатура од 1967 до 1974 година.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




