ФЗЦ 11 Октомври со зголемени приходи од продажба и нови инвестиции
Објавено во: Економија 05 Јуни, 2017 07:47
Компанијата ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово бележи зголемени оперативни активности во првиот квартал од 2017-та и благодарение на тоа успеа да ги зголеми приходите од продажба, со раст како на домашниот така и на странскиот пазар. Вкупните приходи од продажба на ФЗЦ 11 Октомври за првите три месеци од годинава изнесуваат 4,3 милиони евра што е за речиси 1 милион евра повеќе во однос на истиот период лани. На домашниот пазар ФЗЦ 11 Октомври има за 162 илјади евра раст, додека пак од извозот бележат дури 800 илјади евра повеќе од лани.

Зголемените оперативни активности на ФЗЦ 11 Октомври придонесоа и за раст на расходите кои се за околу 40% поголеми во овој квартал во однос на К1 2016 и изнесуваат вкупно 6,2 милиони евра. Најголем дел од нив се „отпишуваат“ на трошоци за суровини и други материјали за што се вложени дури 4,6 милиони евра.
Трошоците за вработените се за нијанса зголемени и во К1 2017 изнесуваат 875 илјади евра.
ФЗЦ 11 Октомври во овој квартал нема финансиски расходи за камати, но затоа пак во ставката станати расходи од финансирање прикажал околу 220 илјади евра издатоци. Финансиските приходи се речиси тројно зголемени и изнесуваат околу 25 илјади евра, но и тие не се како резултат на заеми.
Од овие параметри се добива крајниот резултат според кој ФЗЦ 11 Октомври и натаму работи профитабилно, па така добивката за К1 2017 изнесува 246 илјади евра.
Откако „Квалитет Пром“ ја презеде фабриката ФЗЦ 11 Октомври работи како препородена, со надминување на статусот загубар, претворајќи се една од најдобрите кампании со голем број на вработени, високи приходи и учество во различни проекти.
ФЗЦ 11 Октомври преку „Квалитет Пром“ учествува во многу значајниот проект за гасоводот во Клечовце за мрежата наменета за Куманово.
ФЗЦ 11 Октомври АД Куманово инаку се занимава со производство на цевки, шупливи (издлабени) профили и слични производи од челик, а како компанија е присутна на пазарите во регионот и Западна Европа.
Х.С.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




